Ванила - кралица на зачините
Ванилата е еден од најскапите зачини на светот. Потекнува од Мексико, а денес претежно се одгледува на Мадагаскар и останатите острови во...
...Индискиот Океан. Постојат два вида на ванила: бурбон – ванила и мексиканска ванила.
Заради пријатниот мирис и вкус најчесто се користи во колачи, но се смета и дека има добро влијание врз организмот.
Шпанскиот лекар Francisco Hernandez de Toledo, уште во 16-тиот век забележал дека индијанците ја користат ванилата за зајакнување на мозочните функции. Ванилата ги смирува нервите и делува и како природен афродизијак.
Ацтеките ја користеле во комбинација со како, а „кралицата на зачините“ станала популарна во Европа многу години подоцна. Била многу скапа и ја користеле само богатите, а шпанците успеале да се изборат за монопол, па се до 1810 година, од Мексико не смеела да се извезува во ниту една друга држава освен Шпанија.
Ванилата најчесто ја поврзуваме со жолта боја, што е потполно погрешно. Жолт е дамо светот, додека бојата ванилата ја добива во зависност од производителите кои редовно ја прикажуваат во жолта боја.
Сладоледите и јогуртите се жолти заради додадената боја, а наместо вистинска ванила се почесто се користат разни ароми и имитации.