Илустрации што ја прикажуваат битката на Земјата против луѓето
Артистот Франтишек Цанер направил серија илустрации кои ја прикажуваат токсичната врска на нашата планета со луѓето. Проектот е наречен „Гневна Земја“.
„Зошто проектот 'Гневна Земја'? Затоа што една слика вреди повеќе од 1.000 зборови. Секој од нас е способен да промени нешто бидејќи нашите секојдневни одлуки оставаат траги во околината“, изјавил уметникот.
Франтишек ги споделува неговите провокативни илустрации на Инстаграм и Фејсбук.
Загадувањето со пластика станува сè посериозен проблем. Според едно неодамнешно истражување, просечната личност апсорбира од 74.000 до 121.000 честички микропластика секој година.
Според извештај објавен од фондацијата Елен Мекартур, доколку загадувањето со пластика продолжи со истото темпо, до 2050-та година, во океаните ќе има повеќе пластика отколку риби.
Минатиот месец на една шкотска плажа се насукал грбав кит заплеткан во опрема за риболов. Пластиката и мрежите за ловење риба се едни од најголемите закани за грбавите китови.
Како што луѓето предизвикуваат повеќе проблеми за екосистемот, така планетата ќе станува потешко место за живеење и преживување.
Животински видови од целиот свет стануваат загрозени и истребени, и сето тоа поради нашето непромислено однесување и загадување.
Спирова С. | Црнобело