3 чекори до совршени фотки ова лето
Во моментов насекаде се чувствува притисокот да се живее во моментот, наместо да се документира сѐ за да се постира на Инстаграм.
Тоа е супер и дефинитивно ни е потребно, но иде лето, а да не се овековечат авантурите што се случуваат само кога мириса на море е голем пропуст. Токму затоа може да си дозволите да се опуштите и да направите незаборавни фотки што ќе ги чувате засекогаш. А како тоа правилно да го направите?
Чекајте го вистинското светло
Најдоброто време од денот да се фокате е веднаш по изгрејсонце или еден час пред зајдисонце, или во, како што се нарекува - златниот час. Светлината тогаш е помека, така што нема ризик да се рефлектираат непривлечни сенки на вашето лице.
Сонцето е најсилно кон средината на денот, и тоа директно сончево зрачење може да резултира со многу лоши фотографии. Советот е едноставен - пронајдете сенка за да ја омекнете светлината на лицето.
Научете правилно да го поставите апаратот
Со други зборови, избегнувајте да сликате на авто-поставување. Прирачниците и туторијалите за рачно поставување на фотоапаратот изгледаат застрашувачки, но ако сакате речиси професионални фотки, дајте си малку време да ги научите основните начини да ја осветлите или затемните фотографијата.
Размислувајте надвор од вашата зона на комфор
Не мора дабидете професионален моден фотограф за да направите неодолива фотка - доволно е само да размислувате отворено.
Експериментирајте за да го подобрите вашето чувство за композиција. Не мора да се обврзувате со правила како „правилото на третина“ или водечки линии. Размислувајте креативно и пробајте да ја смените вашата перспектива со фотографирање одозгора или одоздола.
Ако фотографирате пред здодевна, статична позадина, обидете се да создадете замаглен преден план со поставување на предмети пред фотоапаратот и сликање преку нив. Неверојатно е како веднаш може да направите досаден портрет да изгледа уметнички и незаборавно.
А.Ш. | Црнобело