Момче со лузна на главата од операција доби кукла иста како него
5-годишниот Пејтон првата операција на главата ја имал на само 3-месечна возраст, а куклата што личи на него ја крстил Малиот Пејтон и секаде ја носи со себе.
Пејтон Хајнс е 5-годишно момче кое имало две операции поради неуролошки проблеми и како резултат на тоа има лузни на главата и абдоменот.
Операцијата на Пејтон била со цел корекција на обликот на неговата глава за неговиот мозок да може да се развива соодветно. Првата операција ја имал на само 3-месечна возраст.
Неговата мајка Кристин посакала нејзиниот син да има кукла што личи на него, бидејќи ниту една во продавниците не била таква.
Кога слушнале за ова ученици добротворно собрале пари за да се направи куклата.
Малото момче кога ја добило куклата било воодушевено и викало: „Таа изгледа како мене, ги има моите лузни!“.
Кога оди на прегледи кај својот доктор Пејтон секогаш ја носи куклата.
С. С. | Црнобело