Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 знаци дека сте Алфа жена

Не треба многу да се трудите за да ја забележите независната жена во друштвото. Таа секогаш ја држи главата нагоре и зрачи со самодоверба без да ја отвори устата.

5 znaci deka ste alfa zena 01

Тоа е така затоа што таа го гради својот сопствен пат на овој свет, па дури и ако е во врска, не се однесува како да е врзана со папочна врвца за партнерот.

Таа знае како да го добие она што го сака и сите околу неа и се восхитуваат поради тоа, а и многумина се среќни што се присутни во нејзиниот живот.

Се прашувате дали навистина сте алфа жена а не арогантна, доминантна кучка како што другите сакаат да ве наречат?

Еве 5 знаци дека сте она првото:

Не барате внимание - секако го имате

Каде и да одите, луѓето буквално се лепат за вас.

Вие никогаш не сте сами и не се грижите ако нема кој да појде со вас на одмор, бидејќи каде и да сте нема да помине ниту една минута пред некој да ви пријде да разговара со вас.

Секогаш го добивате тоа што го сакате

Не мора да чекате многу долго за она што го сакате во животот, бидејќи не чекате некој да го донесе во вашиот живот. Вие одлучувате што сакате и ќе го направите сѐ за да го создадете. Тоа е нешто што ве издвојува од луѓето наоколу.

Нема ништо што не би можеле да го имате, бидејќи сте подготвени вредно да работите за да го остварите тој сон.

Секогаш сте сосредоточени и никој не се сомнева во тоа

Сите ваши пријатели сакаат да ја знаат тајната - како го правите тоа што го правите, а притоа не е потребно којзнае колку да се трудите.Го знаете вашиот потенцијал и знаете како да ги остварите вашите соништа без да се изнемоштите.

5 znaci deka ste alfa zena 02

Никој не може да ве застане

Секако, постојат многумина кои ве гледаат завидливо, но вам не ви е грижа за тоа. Вие сте премногу зафатени градејќи ја својата империја за да имате време да се занимавате со оние кои не сакаат да ве поддржат.

Безгрижно признавате кога ќе направите грешка

Вие сте толку сигурни во своите способности што не се плашите да кажете кога сте згрешиле. Многу брзо ја препознавате и учите лекцијата, и веднаш продолжувате понатаму уште посилни од претходно.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена брка богати швалери за да добива скапи подароци - но сопругот ѝ одржа добра лекција (видео) Жена си бркала богати швалери за да добива скапи подароци од нив, но мажот со тр...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg