Сите се плашиме од нешто - каква личност ве прави стравот?

Стравот е еден од нашите најосновни човечки инстинкти, наменет да нe заштити од сите опасности што може да ни наштетат и да нe поттикнат да дејствуваме кога заканата станува неизбежна.

Site se plasime od nesto Kakva licnost vam ve pravi stravot 01

Истиот тој страв исто така може да биде невидлив ланец кој ни ги врзува рацете и не држи заглавени. Наместо да не чува на безбедно, не парализира и не спречува да се движиме напред, да преземеме ризик, да имаме храброст да ги следиме нашите соништа и да го создадеме животот што го сакаме.

Инстинктот дизајниран да не заштити, исто така, не држи заробени..

Понекогаш го нарекуваме вознемиреност или грижа или само општо чувство на нелагодност. Понекогаш изгледа како депресија. Понекогаш се чувствуваме заглавени и немотивирани.

Но, во основа на сите овие „етикети“ секогаш лежи стравот..

Сите се плашиме од нешто, но стравот е различен за секој од нас. Постојат многу негови лица и тоа не прави сите различни типови на луѓе, а кој тип сте вие, проверете во продолжение.

Тип што одложува

Или поточно - перфекционист. Тој најмногу се бори со стравот од грешка, што често се манифестира како страв од посветеност или страв од започнување.

Иронично, површно тој секогаш се чини дека ја планира иднината, но во суштина е парализиран од неодлучноста, особено кога тоа одлучувачко дејство мора да се преземе брзо. Претпочита да троши многу време за истражување, планирање или организирање, што може да го спречи напредокот кога истражувањата, планирањето и организацијата ќе станат замена за преземање дејства.

Тип што ги почитува правилата

Неговиот најголем страв е странот од авторитет, страв кој често се манифестира како ирационална одбивност да ги прекрши правилата или да направи нешто што може да се сфати како "недозволено", а само можноста да се падне во неволја е доволна да го спречи да се движи напред.

Овој тип има тенденција да го гледа светот во црно и бело и постојано се чувствува вознемирено ако смета дека нешто што направил е надвор од нормите на прифатливо однесување. Тој, исто така, секогаш е загрижен за тоа дали луѓето околу него носат добро одлуки. Најголемиот проблем тука е нездравиот страв од авторитет кој може да ве спречи да верувате во сопствената проценка.

Site se plasime od nesto Kakva licnost vam ve pravi stravot 02

Тип што ги задоволува сите

Природно му доаѓа да побара одобрение од други луѓе и се бори со стравот да му се суди, што исто така се манифестира како страв од она што другите луѓе би можеле да го кажат. Во суштина, најголемата загриженост на овој тип може да се сумира како страв од тоа како другите може да реагираат и токму затоа понекогаш може да се колебаат да проговорат.

Тие, исто така, вложуваат голем труд во нивниот изглед, неретко се занимаваат со статусни симболи, како што се убав автомобил, луксузен дом или брендирана облека.

Тип што се плаши од отфрлање

Тој најмногу се бори со стравот од отфрлање или стравот од доверба во другите луѓе - страв што често се манифестира со одбивање на другите уште пред да го отфрлат.

Честопати се чини дека е бестрашен, типичен индивидуалист, човек кој не се грижи што мислат другите и кој воопшто не се плаши да си го гради својот пат, да каже што мисли или да размислува поинаку.

Сепак, во себе, често верува дека не може да се потпре на другите луѓе. Ако ја допре крајноста, тоа може да резултира со самоуништувачко или криминално однесување.

Site se plasime od nesto Kakva licnost vam ve pravi stravot 03

Тип што се сомнева во себе

Често погоден од длабоко, а понекогаш и скриено чувство на несигурност, типот што се сомнева во себе најмногу се бори со стравот да не биде способен, што често се манифестира како страв дека ништо што ќе направи не е доволно.

Интересно е тоа што овие луѓе понекогаш се обидуваат да ја сокријат или компензираат оваа несигурност со тоа што се многу критични кон другите. Тие, исто така, се борат со чувства на интензивна љубомора кон луѓето што ги прават работите што тие самите сакаат да ги направат. Повторно, оваа љубомора може да се манифестира во форма на сарказам, озборувања или критики.

Тип што измислува изговори

Овој тип има проблем со стравот од преземање на одговорност, што исто така може да се манифестира како страв од одговорност, или стравот да се биде виновен.

Тој често бара изговор - некој или нешто да обвини - зошто не можат да направат ништо. Често овие причини и рационализација се чини дека се целосно валидни и легитимни, што понекогаш може да го отежне утврдувањето на фактот дека овој тип ја избегнува одговорноста.

Исклучително е вешт во пренасочувањето на фокусот и вниманието од сопствената вина на други луѓе или околности.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg