30-дневен предизвик за посреќен живот - Живејте слободно, отворено и позитивно
Колку и да звучи клише или невистинито, среќата е здравје, па затоа е неопходно сами да си го направите животот посреќен, а себе поздрави, физички и духовно.
За да бидете среќни мора да се опколите себеси со позитивни луѓе кои го вадат најдоброто од вас и да ги избегнувате токсичните кои ви ја црпат енергијата и ве оставаат „исцедени“.
Во животот не оди се според планираното, а тоа не е причина да престанете да бидете среќни и да се откажете од него само затоа што моментално поминувате низ лош и тежок период.
Секој период од животот, каков и да е, постои со причина и може да научите од него многу.
Затоа, не се откажувајте, разбудете се, земете длабок воздух и размислете што е она што ве прави среќни, дури и ако тоа се мали работи.
Ве предизвикуваме на 30 дена полни со среќа, 30 денови полни со радост, нови идеи, искуства и луѓе. 30 дена слобода. Затоа што ги заслужувате.
Што треба да правите во наредните 30 дена?
Ден 1 - Медитирајте. Дури и само неколку минути. Дишете.
Ден 2 - Поздравете некој непознат. Бидете отворени дури и за најмалите интеракции во денот и за нови пријателства.
Ден 3 - Направете листа со сите работи за кои сте благодарни.
Ден 4 - Земете си ден за нега на себе. Правете што сакате-топла купка, маска за лице, маникир, читање книга, хоби - што сакате.
Ден 5 - Испланирајте ручек/вечера со пријателите. Ние сме социјални битија и потребно ни е квалитетно време поминато со друштвото. Јадете, зборувајте, играјте игри, едноставно, бидете присутни.
Ден 6 - Одете во кино сами. Иако сте научени да одите со друштво, направете го овој чекор. Одберете филм по своја желба, одберете го омиленото седиште, купете си го омиленото мени и уживајте сами.
Ден 7 - Седнете во некое интересно кафуле и набљудувајте ги луѓето. Не ги демнете, но гледајте и забележувајте. Забележете ги малите работи што ги прават и забележете колку се сите фокусирани само на себе, а не на другите. Ова ќе ви помогне да станете поотворени и слободни, наместо да мислите што ќе кажат другите.
Ден 8 - Направете организација на листата со пријатели и следбеници на социјалните мрежи. Избришете ги луѓето кои не ви требаат, или чии објави ви предизвикуваат негативни чувства.
Ден 9 - Гледајте комедија. Одберете омилен смешен филм дури и ако го гледате по 100-ти пат. Смејте сè додека стомакот не ве заболи.
Ден 10 - Згответе си вкусен оброк и препуштете се целосно на готвењето. Дури и ако не сте професионалци во кујната, најдете рецепт кој може да го направите и научете ново искуство.
Ден 11 - Научете да не се споредувате со другите. Тоа е најлошото што некој може да го направи. Секој има своја патека по која оди.
Ден 12 - Посетете го семејството. Семејството е најважно и не смее да заборавате на најблиските. Одвојте време и посетете ги, поминете време со нив и потсетете ги колку ви се важни.
Ден 13 - Посветете се на некој проект и завршете го до крај. Сите некогаш се откажале од некоја цел, но завршувањето успешно на проектите носи посебно исполнување и самодоверба.
Ден 14 - Вежбајте. Не мора да претерате, дури и кратко истегнување е доволно ако не сте физички активни. Ќе се почувствувате подобро и можеби ќе посакате да продолжите со оваа рутина. Вежбањето носи среќа!
Ден 15 - Слушајте музика која го подига расположението. Музиката ја подига енергијата и нивото на среќа. Одберете омилени забавни песни, пејте ги на цел глас и танцувајте - наполнете се со позитивна енергија.