30-дневен предизвик за посреќен живот - Живејте слободно, отворено и позитивно
Ден 16 - Одете на патување. Не мора да биде далеку, доволно е да прошетате и до некој близок парк или нешто што не сте виделе, а е во ваша близина. Важно е да излезете и да прошетате и истражите нешто.
Ден 17 - Купете си нешто за себе. Не мора да е нешто големо или скапо. Доволно е некоја ситница која ја сакате и ќе ве натера да се чувствувате дека сте направиле нешто за себе. Среќата лежи во грижата за себе.
Ден 18 - Не озборувајте. Некогаш можеби е тешко, но тоа носи само негативност, иако не забележувате. Потрудете се никогаш да не го правите тоа, не само денес.
Ден 19 - Разговарајте. Не мора со странци и непознати, но разговарајте со колеги или стари пријатели. Бидете отворени и внимателни кон другите.
Ден 20 - Не проверувајте социјални мрежи. Ова веројатно ќе биде тежок предизвик, но обидете се да поминете цел ден без да отворите ништо. Можеби ќе ви стане навика…
Ден 21 - Запишете си го денот во нотес. Фокусирајте се на позитивните работи од денот и запишете ги. Дури и да се мали, ќе ви биде поубаво кога ќе ги прочитате.
Ден 22 - Облечете се убаво. Дури и ако не одите на некој посебен настан. Дотерајте се, средете се и чувствувајте се убаво и моќно.
Ден 23 - Пробајте нешто што не сте пробале претходно. Нова храна, ново искуство - зависно колку сте подготвени за авантура.
Ден 24 - Преуредете го вашиот дом/соба. Преместете мебел, исчистете ги преполните ќошиња, купете некоја ситница што ќе направи поубав амбиент.
Ден 25 - Не им кажувајте ништо лошо на другите. Дури и ако е на шега или ненамерно. Негативноста привлекува негативност.
Ден 26 - Оставете го телефонот дома и излезете. Доколку работата ви зависи од телефонот, одберете слободен ден и направете го тоа. Ќе почувствувате вистинско ослободување.
Ден 27 - Заблагодарувајте се. На секој што ви помогнал дури и на најмал можен начин.
Ден 28 - Научете нова вештина. Почнете да учите нов јазик, или научете како да готвите или да играте некој спорт. Надградувајте го знаењето, учете нови работи и искуства и ќе бидете побогати внатрешно.
Ден 29 - Негувајте го телото и здравјето. Хранете се здраво, пијте многу вода и витамини, проверете си го здравјето, додадете нова рутина за убавина и повторувајте го тоа, не само денес.
Ден 30 - Дишете длабоко. Вдишете и издишете. Сетете се дека ништо не е толку лошо како што го замислувате и доживувате и дека среќата може да се најде и во најмрачните моменти. Среќата не е дестинација, туку цело патување. И вреди да го искусите.
М. М. | Црнобело