Кои се најпопуларните друштвени игри во светот, дали е и вашата меѓу нив?
Традицијата на играње на друштвени игри датира од античкото време. Секогаш постоела човечката потреба за забава, размислување и конкуренција, а така е и денес.
Повеќето друштвени игри потекнуваат од Азија, а истите биле создадени како дополнителен поттик во учењето и развојот на воените стратегии.
Некои од нив имале задача да ја пропагираат религијата, да ја објаснат математиката и астрономијата, да помагаат во разликувањето на доброто и лошото, како и да ги поддржуваат протестите.
Најстарата друштвена игра во светот се коцките. Денес постојат над 60.000 различни друштвени игри, а ова се најпопуларните:
Шах
Ако некоја игра има култен статус, тогаш тоа дефинитивно е шахот. Многу генерации низ целиот свет го користат својот мозочен капацитет за да ги победат своите ривали од другата страна на црно-белата маса.
Монопол
„Парите го вртат светот.“ Ова би била најдобрата дефиниција на монополот, играта која секој човек, барем еднаш, ја има играно. Купување, продавање, градење, позајмување, губење, добивање…
Оваа игра може да се игра со часови, па и денови. Ја играат најмалку двајца, а најмногу осум играчи со надеж дека ќе успеат да победат со своите бизнис стратегии.
Ризико
Играта е измислена кон крајот на 1950-те години и веднаш станала голем хит. Ризико се фокусира на една од најстарите човечки особини - желбата да се владее со светот.
Оваа воена друштвена игра можат да ја играат 2-6 играчи. На таблата, со помош на тенкови, играчите се борат за доминација над светот.
Клуедо
Ова е прва игра која има вградено блеф и дидактички заклучоци како составен дел. Клуедо е совршена игра за сите оние кои сакаат да решаваат убиства и да глумат детективи.
Табла
Се проценува дека оваа игра постои веќе 5.000 години, што ја прави една од најстарите игри во светот. Се поврзува со Месопотамија, а се верува дека и Тутанкамон ја играл. Секој играч има петнаесет плочки кои ги движи помеѓу 24 полиња (триаголници) во зависност од фрлањето на коцките.
Целта на играта е еден од играчите да ги „извади“ сите плочки надвор од таблата.
Домино
Правоаголни плочки поделени во две полиња со точки или празнини ја формираат основата на оваа игра. Плочките имаат две страни, така што противникот не може да го види бројот на точките.
Оваа игра обично ја играат двајца играчи. Победникот е оној кој ќе остане без домино.
Ашера | Црнобело