13 совети за планинарење кои секогаш треба да ги следите

Бидете екстра внимателни во втората половина од планинарењето бидејќи тогаш сте уморни и неретко се случуваат падови и лизгања.

13-soveti-za-planinarenje-koi-sekogash-treba-da-gi-sledite-01.jpg

Нема ништо подобро од уживање во природа. Свеж воздух, мир, прекрасни глетки? Совршено, зарем не?

Планинарењето е прекрасно искуство, но со себе носи некои ризици, па треба добро да се подготвите.

Во дивината може да се случат некои неочекувани работи.

Совети за сите што сакаат да одат на планинарење:

Консултирајте се со некој искусен за патеката по која планирате од одите, соберете клучни информации за типот на теренот, како и за флората и фауната таму.

13-soveti-za-planinarenje-koi-sekogash-treba-da-gi-sledite-02.jpg

Земете со вас најмалку еден пријател, а колку е поголема групата со која планинарите, толку подобро, така го елиминирате ризикот да залутате во непознат правец.

13-soveti-za-planinarenje-koi-sekogash-treba-da-gi-sledite-03.jpg

Креирајте груб план каде ќе се движите со време на поаѓање и враќање и оставете му го на некој во вашиот дом.

13-soveti-za-planinarenje-koi-sekogash-treba-da-gi-sledite-04.jpg

Смислете план за итни случаи кој опфаќа дали ви е полна батеријата на телефонот, но и кое е најблиското место да се обратите во случај на незгода.

13-soveti-za-planinarenje-koi-sekogash-treba-da-gi-sledite-05.jpg

Подгответе се за временските услови и секогаш проверете ја прогнозата пред поаѓање, но дури и при најдобра прогноза имајте опрема за ненадеен дожд.

13-soveti-za-planinarenje-koi-sekogash-treba-da-gi-sledite-06.jpg

Спакувајте ги задолжителните работи: Прва помош, навигација, очила за сонце и млеко со заштитен фактор, кабаница за дожд, светилка, кибрит, храна за најмалку еден ден плус, вода и ќебе или шатор за итни случаи.

13-soveti-za-planinarenje-koi-sekogash-treba-da-gi-sledite-14.jpg

Проверете ја опремата за прва помош, дали има во неа завој, ханзапласт, антиалергиски апчиња итн.

13-soveti-za-planinarenje-koi-sekogash-treba-da-gi-sledite-07.jpg

Уште 6 совети на следната страна...



Би можело да ве интересира:

7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
„Јас сум твојата вистинска мајка“ - Клишеа од латиноамериканските сапуници со кои израснавме По 200 епизоди чекате да се открие некоја голема семејна тајна и сиромашната дев...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
Животни совети и лекции кои ги слушаме често, но не се секогаш корисни „Сè се случува со причина. Ова е ужасен совет за ситуација во која некој е жртва...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg