Шокантно, возбудливо и лажно! Како и дали медиумите ја создаваат нашата реалност?

Речиси е излишно да се каже дека живееме во ерата во која доминираат медиумите и медиумскиот спектакл. Медиумите станаа толку нераскинлив дел од нашиот живот што, речиси, не ги доживуваме како нешто што е одвоено од нашиот секојдневен живот. 

sokantno vozbudlivo i lazno Kako i dali mediumite ja sozdavaat nasata realnost 01

Телевизијата, весниците, а особено интернетот се нешто што се смета за заеднички извор на информации, но дали тоа остава простор за манипулација? Дали медиумите, не само што влијаат, туку и ја создаваат нашата реалност?

Тие имаат огромен ефект врз нашите животи, а помалку и ги диктираат. Како медиумите станале толку моќни за да можат да доминираат над денешното општество? Одговорот на ова прашање лежи во феноменот на медиумскиот спектакл.

Што е медиумски спектакл?

Кога зборуваме за овој феномен треба да го спомнеме Ги Дебор, кој во 1967 година ја објавил книгата „Општеството на спектаклот“. Тој го дефинирал овој феномен како „настан кој е комбинација на слики, предмети и искуства кои немаат никаква врска со реалниот живот“.

Имено, спектаклот се потпира на реалните искуства, но ги модифицира со тоа што ги доведува до крајност за да остави посилен впечаток на публиката.

Оваа теорија ја продолжува идејата на Маркс кој сметал дека работниците се третирале како стока, а стоката, односно производот како таков, почнува да управува и со работниците и со потрошувачите. Во таков амбиент, потрошувачите се означуваат како пасивен елемент кој само го прифаќа она што се служи.

Преведено на денешната теорија за спектаклот може да се каже дека денешната публика е само нем учесник во претставата.

Медиумскиот спектакл е како претстава која целосно ја зафаќа публиката, до тој степен што тие не размислуваат критички за она што го гледаат. Ова денес може да се види во сите сфери на животот, од вести и економија до забавната индустрија.

Се чини дека живееме во еден непрекинат медиумски спектакл, кој се состои од повеќе акумулирани спектакли.

sokantno vozbudlivo i lazno Kako i dali mediumite ja sozdavaat nasata realnost 02

Иако денес, најчесто се поврзува со медиумите, медиумскиот спектакл отсекогаш постоел во човечката историја. Античка Грција, на пример, имала Олимпијада, разни фестивали, дискусии и војни. Античките Римјани имале оргии, јавни церемонии и циркуси, а во времето на Цезар се правеле неверојатни паради со кои се славеле победите.

Сите овие настани можат да се толкуваат како спектакли, голема претстава, исполнета со претерување, со цел да се испрати одредена порака до гледачот, но исто така и да го забавува на некој начин.

Денешната инкарнација на спектаклот во многу аспекти зависи од технологијата, која е главната карактеристика на нашето време. Можеби денес не нè забавуваат класичните паради и ритуали на нашите предци, но затоа нè фасцинираат сериите и филмовите.

Медиумскиот спектакл денес вклучува настани кои, со своето претерување, се обидуваат да го имитираат она што е веќе видено во медиумите или се обидуваат да се обликуваат според она што го пренесуваат медиумите.

Така се во модерните спектакли вклучени спортските настани, политичките собири и вестите.

Колку често читате наслови кои тврдат дека ќе ве шокираат, возбудат или расплачат? Колку често ги слушате зобровите „најновите или последните вести“? Денес е сè во голема мера сензационално и неверојатно што се чини дека луѓето се навикнати на таквите феномени.

Ако е секој наслов во весниците сензационален, а секоја вест на интернет класична мамка за кликови, тогаш ова станува стандард.

sokantno vozbudlivo i lazno Kako i dali mediumite ja sozdavaat nasata realnost 03

Независно или свесно, се чини дека сите настани денес премногу личат еден на друг. Се чини дека секој од нив се одвива според претходно воспоставен модел. Таквата сомнителна сличност го тера просечниот гледач да се запраша колку е навистина реално тоа што го гледа, а колку е однапред измислено и режирано.

Кога се појавија реалните емисии истите беа моментален хит кај публиката, само затоа што ветуваа дека зборуваат за нешто реално и вистинско, дека го пренесуваат делот од вистинските настани. По некое време се покажа дека зад овие програми стојат режисерите и продуцентите кои ја диктираат оваа реалност.

Иако сите знаеме дека овие емисии се комплетно изрежирани нивната популарност никогаш не била поголема, а луѓето продолжуваат да ги следат. Зошто?

Критичарите истакнуваат дека се работи за едноставен процес. Реалните емисии, како и секој медиумски спектакл, имаат нешто што се дефинира како „entertainment value“, односно забавна вредност или забавен потенцијал на еден спектакл.

Медиумскиот спектакл постои да нè забавува, што е токму она што го бара публиката. Кога програмата ќе ја постави границата кон која цели, истата кај публиката станува нешто веќе видено. Ова резултира со поголема пребарувачка од страната на публиката, која бара да се подигне границата.

Но што се случува кога медиумите ќе си дозволат да манипулираат со јавноста?

sokantno vozbudlivo i lazno Kako i dali mediumite ja sozdavaat nasata realnost 04

Ова прашање е особено релевантно денес кога е популарен феноменот на лажните вести. Се чини дека повеќе не е важна веста или што сакаат да кажат луѓето. Размислете колку пати сте читале некоја вест за после да сфатите дека не добивте ниту една информација?

Не само што постои недостиг на информации, туку се чини дека вестите се создаваат само за да постојат, а зад нив често нема ниту еден важен настан.

Но се чини дека медиумите не се единствените виновници за ваквата ситуација. Колку што тие се одговорни за она што го велат, толку и публиката индиректно ја создава медиумската содржина.

Луѓето не сакаат да бидат опслужени со лажни вести и сензационалистички или сентиментални наслови. Луѓето сакаат да бидат во тек со популарните настани. Кога сте во тек со популарните работи вие сте одговорно општествено битие кое може да пронајде заедничка тема со многу луѓе.

Со ова се проширува нашиот социјален круг, што ни овозможува да напредуваме. Публиката нема секогаш да ја сака програмата, луѓето можат да се поврзат и да критикуваат нешто заедно, но сепак тие мора да бидат во тек со програмата за да разговараат за неа.

И токму на оваа карта играат медиумите, како и порано, така и денес. Останува само да се види како оваа практика ќе се реализира во иднината.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg