FarmVille симната од тронот
Популарната игра „FarmVille“ повеќе од една година го држеше првото место на најпопуларни апликации на Фејсбук, но на таа доминација и дојде крајот. За ова е...
...виновна апликацијата „Phrases“ која успеа да ја преземе титулата „најпопуларна“.
„FarmVille“ на компанијата Zynga, има повеќе од 84 милиони активни корисници месечно и се до сега беше недопирлив рекорд.
Но, релативно непознатата компанија Takeoff Monkey, се појави со апликацијата „Phrases“ која на корисниците на Фејсбук им овозможува објавување на разни квизови, изреки и фотографии. Апликацијата цврсто е на врвот со 54.387.850 активни корисници месечно. Второто место го има „FarmVille“ со 53.939.978 корисници.
Омилената фарма започна да ги губи своите корисници во моментот кога Фејсбук воведе новитети во начинот на прикажување на новостите и нотификациите. Дел од „фармерите“ се бунеа заради тоа што Фејсбук ги информираше за напредокот на нивните пријатели на Фармата.
Сепак, тимот на Zynga не е загрижен, затоа што меѓу 5-те најпопуларни апликации - игри тие имаат свои 4 - „FarmVille“, „Texas HoldEm Poker“, „FrontierVille“ и „Mafia Wars“!