Зошто токму јајцето е главниот симбол за Велигден?
Најважниот дел од велигденската традиција се секако јајцата, нивното вапцување, декорациите и кршењето со истите. Но, дали некогаш сте се запрашале – зошто баш јајцата го симболизираат најголемиот христијански празник?
Целата приказна може да се сведе на симболиката за нов живот и верувањето дека Исус со воскреснувањето го започнал вечниот живот.
Имено, јајцата отсекогаш симболизирале нов живот, раѓање, плодност, изобилство и пролет. Старите Египќани, Персијци, Грци и Римјани меѓусебно си подарувале јајца како симбол на новиот живот кој започнувал веднаш по завршувањето на зимата.
Симболот на одново раѓање идеално се вклопил со празникот на којшто сите христијани го прославуваат исусовото воскреснување, односно новиот живот.
Секоја боја со која ги вапцуваме велигденските јајца има посебно значење. Така, црвената ја симболизира крвта на Исус, сината е симбол на вистина, а зелената за плодност.
(О)Милена | Црнобело