Вратата од пеколот
Покрај малото гратче Дарваз во Узбекистан, сместена е „вратата од пеколот“. Не станува збор за извадок од хорор филм, туку за верување на локалното...
...население кое така ја нарекува оваа таинствена дупка во земјата во последните 35 години.
Руски геолози во потрага по природен плин, наишле на оваа пештера при пробно бушење. На почетокот личела на мала пештера, за на крај да се појави огромен кратер кој до денес не е истражен.
При бушењето пропаднала целата геолошка опрема. Заради огромната концентрација на плин никој не се осмелил да влезе во неа, па геолозите едноставно ја запалиле за да спречат истекување на опасниот плин.
Од тогаш пештерата е постојано во пламен, а никој не може да претпостави колкава количина на плин изгорела во последните 35 години и кога воопшто ќе престане оганот.
Узбекистан, инаку, има многу подрачја богати со природен плин, а регионот околу Дарваз е едно од нив. За подрачјето околу Дарваз до неодамна се бореа Узбекистан, Таџикистан и Афганистан, а од 2004-та година поделено е на три дела. Под узбекистанска управа е останат најмалиот дел.
Во изминативе 35 години и покрај борбата за превласт, никој не се решил да види што ќе се прави со „вратата од пеколот“.