Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што открива за вас начинот на кој се однесувате на слава?

Дали сте од оние кои јадат брзо или бавно на слава, дали прибирате што ќе јадете или, пак, сакате убаво декорирана маса? Вашето однесување на слава го опишува и вашиот карактер.

koj-tip-na-gostin-na-slava-ste-razlichnite-nachini-na-odnesuvanje-na-masa-go-opishuvaat-vashiot-karakter-01.jpg

Славата е одбележување на одреден празничен ден од православниот христијански календар, а исто така може да биде обележување на името на светецот и оној кој го носи неговото име.

Членови на семејството и пријателите се собираат во домот на славеникот, а се верува дека светецот чија слава се слави ги штити семејството и домот. 

Во овие пригоди може да се воочат различни видови на однесување на маса.

Секогаш има некој кој започнува да зборува за политика, некој што е дојден за пиење, но и некој што е дојден да се најаде.

Како различните начини на однесување на слава го опишуваат карактерот на луѓето?

Луѓе кои јадат бавно

Луѓето кои уживаат во секој залак и активно разговараат додека јадат, покажуваат дека се свесни за моментот и го живеат животот во потполност. 

На работа се опуштени и често се склони кон висококвалитетни меѓучовечки односи.

Луѓе кои јадат брзо

Луѓето кои први го завршуваат оброкот се често конкурентни, добро се снаоѓаат додека работат под притисок, но може да немаат спонтаност во меѓучовечките односи и може да изгледаат површни.

koj-tip-na-gostin-na-slava-ste-razlichnite-nachini-na-odnesuvanje-na-masa-go-opishuvaat-vashiot-karakter-05.jpg

Луѓе кои обрнуваат внимание на декорациите на маса

Луѓето кои претпочитаат ред и правила и одлично декорирана храна во чиниите обично се организирани и дисциплинирани. 

Тие имаат тенденција да анализираат и учат, но имаат помалку пријатели поради нивната строга природа.

Луѓе кои сакаат да пробаат од сè

Оние кои сакаат да пробуваат нешто ново и непознато често се отворени за ризик и нови идеи. 

Овие авантуристички поединци често се лидери, имаат многу пријатели и храбро пристапуваат кон предизвиците.

Луѓе кои мешаат солено и благо

Луѓето кои уживаат да мешаат различни вкусови покажуваат силен карактер и способност да преземаат сложени задачи. 

На работа се ценети, а приватно се отворени и социјални.

koj-tip-na-gostin-na-slava-ste-razlichnite-nachini-na-odnesuvanje-na-masa-go-opishuvaat-vashiot-karakter-10.jpg

Луѓе кои дошле само да се најадат

Луѓето кои уживаат во секој залак имаат безгрижен дух и често ги следат нивните принципи и желби, без оглед на туѓото мислење.

Луѓе кои се пребирливи

Луѓето кои избегнуваат одредена храна или имаат строги преференци честопати тешко се адаптираат, избегнуваат ризици и не се склони кон промени, дури и кога станува збор за мали нешта.

koj-tip-na-gostin-na-slava-ste-razlichnite-nachini-na-odnesuvanje-na-masa-go-opishuvaat-vashiot-karakter-08.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg