Бидете згодни и без вежбање
Наместо драстични диети и „мачење“ на телото во теретана, сега може да слабеете на поедноставен начин и да добиете убаво тело, барем така тврдат...
...експертите од Reebok кои на пазарот пласираа нови женски патики EasyTone.
Овие патики сами работат на вашата фигура, го зацврснуваат задникот и ги обликуваат колковите.
Нивниот ефект се споредува со вежбањето, а во споредба со одењето во обични чевли и патики, се покажало дека мускулите на задникот при носење на EasyTone патиките се поактивни за 28%, а мускулите на бедрата и листовите за 11%.
Ова е овозможено од балансирачките перничиња кои се сместени на петата и на предниот дел на ѓонот.
Перничињата во текот на одењето создаваат природна нестабилност која мускулите се трудат да ја израмнат, па така се присилени на зголемена активност.
Reebok понудија и различен дизајн на патиките, па секој може да си одбере различен модел, а цената се движи од 109 до 150 американски долари во зависност од моделот.