6 грешки поради кои постојано немате пари
Компулсивното купување на непотребни ситници не е единствената причина зошто картичката ви е во минус и постојано немате пари.
Чувството дека постојано сте кнап, иако заработувате пристојно, може да биде и последица на некоја од овие 6 грешки:
1. Се држите до негативните ставови на родителите
Ако во текот на детството често слушавте „Немаме пари за тоа“, „Мора да работиш, иако не си среќен со работата,“ или „Парите не ни растат на дрво“, овие реченици несвесно ви се врежани во главата до ден денес.
Границите кои тие ви ги поставувале како мали, може до ден денес да си ги префрлате во секојдневието.
2. Се грижите за тоа што ќе кажат другите
Дали несвесно трошите пари само за да ги импресионирате другите и да оставите впечаток дека имате и можете?
Нема ништо погрешно во тоа да приредите луксузна прослава или да си го купите најновиот модел на смартфон – но само ако можете да си го дозволите. Заштедите не треба да ги трошите на задоволства кои ќе ве воздигнат во туѓи очи.
3. Имате погрешно поставени приоритети
Доколку немате да си дозволите добар оброк за себе, зошто за гостите би купувале скапа храна или пијалаци?
4. Верувате дека шопингот ве ослободува од стрес
Без да знаете навлегувате во уште поголем стрес, со оглед на тоа што за неколку дена ќе дојде нова главоболка – како ќе ја покриете ратата на она што го купивте кога бевте нервозни?
5. Немате долгорочни цели и соништа
Многу луѓе работат само за да земат повеќе пари. Но, проблемот е што немаат идеја како да ги вложат тие пари понатаму.
6. Немате идеи како да заработување повеќе, од повеќе места
Ако со години работите за иста плата, таа не се накачува, а воедно и не барате дополнителни извори на пари, ќе сфатите дека парите кои пред 3 години ви беа доволни – повеќе не се. Зошто?
Едноставно е - животните стандарди растат од година во година, додека вашите примања остануваат исти.
М. Д. | Црнобело