Разлика меѓу маж и жена
Мајката и таткото гледале телевизија во моментот кога мајката рекла: „Уморна сум, доцна е, одам да спијам!“ Отишла до кујната да направи сендвичи за...
...на работа за децата и сопругот. Наполнила пуканки во празната чинија, испекла месо, подготвила корнфлекс и лажички за утрото.
Уште малку средувала низ кујната, го вратила безжичниот телефон на место. Ги полила цвеќињата, ја испразнила кантата за ѓубре и ги закачила алиштата да се сушат.
Малку се истегнала, и потоа се упатила кон спалната соба. Застанала покрај масата во детската соба, оставила пари за детето за на излет и ја подигнала книгата која паднала позади масата.
Напишала роденденска честитка за пријателката, ја ставила во коверт и на него напишала порака за цвеќарата која ќе ја носи честитката. Потоа ја ставила покрај чантата.
Си го измила лицето, ставила разни козметички препарати, си ги измила забите и налакирала ноктите...
Сопругот и се обратил: „Ми се причини или рече дека ќе одиш во кревет?“
„Да, да тргнав натаму.“
Додала вода во чинивчето на кучето, ја избркаа мачката надвор и проверила дали сите врати се заклучени, а светлата изгасени.
Ги покрила децата, ги однела нивните валкани алишта кај машината за перење и поразговарала на кратко со нив.
Конечно влегла во спалната, го наместила алармот за будење, ја подготвила облеката за утрото. Додала уште 3 обврски на листата од 6 најважни обврски за наредниот ден.
Таткото за тоа време го изгасил телевизорот и во себе изговорил:
„Одам во кревет!“
И без размислување отишол во кревет...
Дали забележувате нешто необично? Се прашувате зошто жените живеат подолго?
Затоа што секогаш имаат дополнителни обврски кои треба да ги завршат!