Oд уроци до еротски кукли - дознајте како се практикувала љубовната магија во античкиот Медитеран

Практикувањето на магија на Медитеранот беше добро чувана тајна меѓу историчарите во текот на доцниот 19-ти и почетокот на 20-ти век. 

Vo ljubovta e se dozvoleno od uroci do erotski kukli 01

Оваа пракса не го поддржувала нивниот идеализиран поглед на Грците и Римјаните. Денес, сепак, магијата е легитимно подрачје на научното истражување, кое обезбедува увид во античките системи на верувања, како и културните и социјалните практики.

Во антиката, иако магијата била обесхрабрувана, понекогаш дури и казнувана, а властите јавно ја осудувале, еротските магии биле популарна форма. Професионалните волшебници наплаќале надоместоци за правење на еротски талисмани и клетви, а се правеле и маѓепсани кукли.

Постојат многу археолошки докази за античката магија. Грчките папируси содржеле голема колекција на магии наменети за многу цели. Колекцијата била составена од извори кои датираат од вториот век п.н.е. до петтиот век од н.е.

Некои практики вклучувале правење на кукли наменети да го претстават предметот на желбата. Во упатствата било наведено како се прави еротската кукла, кои зборови требале да се кажат и каде требала да се остави.

Ова е форма на симпатетичка магија; еден вид на магија која делува по принципот „слично привлекува слично“. Кога се прави симпатетичка магија со кукла, волшебникот верува дека која било акција која се изведува, физичка или психичка, ќе биде пренесена на човекот што куклата го претставува.

Најозлогласената магична кукла е т.н „Лувр кукла“ (4 век од н.е.). Куклата е гола, врзана и прободена со 13 игли. Изработена е од глина, а пронајдена е во Египет. Магијата пропратена со куклата зборува за името на жената Птолемаис и мажот кој ја направил магијата, Сарапамон.

Vo ljubovta e se dozvoleno od uroci do erotski kukli 02

Магиите придружени со таквите кукли не биле благи во користениот јазик. Тие честопати биле насилни, брутални и без чувство на претпазливост или каење.

Љубовни напивки

Повеќето докази укажуваат дека мажите биле професионални магиски практичари, како и клиенти. Во тоа време требало да се биде писмен за да се извршат повеќето магии (повеќето жени не биле образовани) и да бидат достапни за клиентите (повеќето жени не биле слободни да примаат посетители или да водат бизнис).

Сепак, некои жени, исто така, биле вклучени во еротската магија (иако изворите за ова се релативно ретки).

Vo ljubovta e se dozvoleno od uroci do erotski kukli 03

Боговите и божиците редовно биле повикани со помош на магија. Тенденција да се комбинираат боговите од неколку култури не било невообичаено во древната магија.

За да се предизвика привлечност, имињата на боговите поврзани со еротика и љубов биле испишувани на камења. На овој начин се користела и фигурата на грчкиот бог Ерос, која можела да се обликува во парче накит.

Постојат многубројни еротски магии - од напивки до кукли и маѓепсани камења и ритуали. Тие, не само што обезбедуваат информации за магијата во античкиот медитерански свет, туку ги објаснуваат и културните конвенции околу сексуалноста и полот.

Vo ljubovta e se dozvoleno od uroci do erotski kukli 04

Ригидниот систем на јасно обележани родови улоги на активни (машки) и пасивни (женски) партнери, врз основа на патријархатот кој се залагаше за доминација и успех по секоја цена, ги поткрепи и магиските практики на овие општества.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
Работи што можете да ги видите само во Мексико (фото) Леб без кора исечен ан парчиња, автомат за ранци, но и огромен избор на лути сос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg