Тајните и легендите на планината Шаста, домот на мистичните суштества од Лемурија
Планината Шаста е позната како едно од најсветите места на Земјата, а многумина ја нарекуваат и магична планина. Таа е дел од синџирот на Каскада во северна Калифорнија, а за мистиците е првата чакра на светот.
Ова легендарно место е и еден од најголемите неактивни вулкани со кој се поврзани многу неверојатни приказни. Жителите на малото гратче во подножјето на Шаста ќе ви ја раскажат приказната за средбата со Лемуријците, скриениот град Телос или посетите на вонземјаните.
Индијанските племиња верувале дека планината Шаста била центарот на создавањето, додека некои од нив сè уште вршат ритуали во нејзина чест, надевајќи се дека ќе ја привлечат духовната моќ. Некои други индијански племиња верувале дека, доколку некој ја премине линија на планината на која не растат дрвата, ќе предизвика пропаст. Имено, таму се наоѓа империјата на починатите и на мистичните лоши џуџиња.
Приказните го поврзуваат ова место со бројни духови и магични суштества кои не се секогаш добри, а таму се наоѓа и портал за некоја друга сфера на постоење. Во овие легенди се зборува и за т.н. луѓе Шаста, кои се ниски и чија кожа е нешто потемна од кожата на Индијанците. Со овие луѓе владеел крал, кој ги довел од една магична земја од запад.
Легендите, митовите и невообичаените приказни за мистичната планина не се ограничени само на старите индијански преданија. Со текот на годините се раскажани многу приказни и тешко е да се одлучи од каде да почнеме.
Најпознатата приказна е приказната за Лемуријанците, технолошки напредните луѓе кои биле првите жители на нашата планета и кои живееле на потонатиот континент познат како Лемурија.
Лемуријанците, според приказната, го напуштиле својот континент поради некој катаклизмичен настан. Кога пристигнале во Шаста, го основале градот Телос каде што живееле до ден денес.
Иако Лемуријанците генерално се опишуваат како добронамерни жители на Шаста, приказните за т.н. дероси (што е кратенка за „дегенерирани роботи“) не се толку позитивни.
Дероси се роботи, дизајнирани од Лемуријанците, кои станале злонамерни машини, склони кон убивање и уништување. Приказната за нив е популаризирана од страна на Ричард Шавер во 40-те години на 20-от век.
Лемуријците и злите роботи не се единствените наводни жители на планината Шаста. Тука живее и Бигфут или Јети. За прв пат бил виден во 1976 година, во близина на планината.
Бигфут од Шаста се појавува во многу други приказни. Тој може да лебди и да помине низ цврста супстанца, со што е поразличен од „вообичаените“ Бигфути кои обично се опишуваат како суштества од крв и месо.
Друг феномен, кој се поврзува со оваа планина, се НЛО. Некои приказни за нив датираат од времето пред откривањето на електричната енергија, а се опишуваат како различни светла, мистериозни удари, метални авиони, сребрени воздушни бродови...
Невообичаената листа е придружена со приказна за лековитите својства на водата која тече низ Шаста, поради што често е дестинација за многу посетители кои бараат чудесно исцелување.
Што се однесува до жителите на планината, покрај веќе споменатите, тука живеат и луѓе наречени Јактавијанци. Јактавијанците користат звучни бранови за обликување и управување на реалноста.
Без оглед на тоа дали верувате во овие приказни или не, факт е дека многумина веруваат, што е потврдено со големото присуство на разни духовни групи и авантуристи. Главниот град има 3.300 жители, а сите приходи се засновани на туристичките посети, кои го достигнаа врвот кон крајот на 2012 година, пред „крајот на светот.“
Ашера | Црнобело