Што е „црквата“ на скиентологијата и кој стои зад неа?

Скиентологија се занимава со проучување на духот на човекот во неговиот однос кон себе, кон универзумот и кон другите суштества со желба да се опфатат сите животни области. 

Sto e crkvata na Skientologijata i koj stoi zad nea 01

Во оваа смисла, едната од најконтроверзните модерни секти претставува скиентолошката „црква“, која е основана од американски писател на научна фантастика Л. Рон Хабард.

Тој ѝ се претстави на јавноста во 1950 година со своето „дијанетичко учење", продавајќи ја својата книга со која заработи многу пари.

Неговата црква е основана во 1954 година врз принципите на окултниот Ред на источниот храм (Ordo Templi Orientis).

Хабард во Централна Америка учи за примитивните народи и култури, пишувајќи за неговите теории во стручни списанија и романи. Покрај патеписите пишуваше вестерн романи и научно фантастични приказни.

Во Холивуд работеше како сценарист, каде постигна значаен успех. Во своите книги пишува за паранормалните човечки моќи и способност на влијание на далечина.

Се служи со разни псевдоними, како Рене Лафајет, Курт фон Рахен, Фредерик Енгелхарт…

Најголемиот успех го постигнува со издавањето на книгата „Dianetics. A New Science of the Mind“. Со развивање на пракса во областа на дијанетиката, Хабард влегува во конфликт со психијатрите во САД. Токму врз основа на дијанетиката ја развива својата нова дејност - Скиентологија.

Во 1952 година во Феникс е основана „Hubbard Association of Scientologists“ (ХАС).

На многу од своите патувања од Австралија до Јужна Африка, Хабард ги посетувал своите следбеници и ги снабдувал со негови филозофско-религиозни дела. Потоа во 1954 година ја основал „Црквата на Скиентологијата“.

Формата на „црква“ или „верска заедница“ ја земал од правни, најверојатно даночни причини, бидејќи црквите во САД, како и верските заедници имаат даночни олеснувања.

Sto e crkvata na Skientologijata i koj stoi zad nea 02

Целта на дијанетиката е да го доведе човекот до степен на духовна слобода кога ќе се почувствува „чист“ и ослободен од несакани влијанија на потсвеста. Оваа посакувана цел се постигнува со метод кој се нарекува „аудитинг“. На овој начин, со поставување на прашања, се влегува во потсвеста и интимата на човекот, со цел да се отстранат негативните влијанија.

Во овој случај се користи и посебен уред, кој личи на детектор за лага, наречен „Е-метар“, кој скиентолозите го нарекуваат „Духовна алатка“.

Со помош на дијанетиката се „лекуваат“ разни болести, болки, чувство на вина, а се постигнува и натпросечна интелигенција.

Sto e crkvata na Skientologijata i koj stoi zad nea 03

Скиентолозите тврдат дека злото може да исчезне со помош на нивна техника, која може да се научи, но е многу скапа и се учи само во нивните училишта. Неговата програма за исцелување му донесе многу успех и многу пари.

Успехот на Хабард, исто така, се базира на незнаењето на луѓето кои веруваат дека сциентологија е вистинска наука, која ветува оптимален животен успех и бесмртност. Но потребно е да се плати потполната „чистотија“. Натамошните курсеви наводно му овозможуваат на кандидатот да патува во сопственото минато или на некои далечни планети.

За Хабард е сè можно. Така, на пример, неговите следбеници веруваат дека пред 35 милијарди години владителот на некоја галаксија бил Xenu. Тој ги испрати „тетаните“ на Земјата, кои станале духовните предци на луѓето.

Sto e crkvata na Skientologijata i koj stoi zad nea 04

Учењето на Хабард е многу сложено, а претставува чудна комбинација на идеи на Сигмунд Фројд, американски бизнис и научна фантастика. Скиентолозите дури ветуваат постепен пробив во иднината, што би бил врвот на техничкиот напредок.

Поради овие сложени тврдења и пресметки, обичните луѓе веруваат дека постојат научни достигнувања во скиентолошкото учење. Можеби причината за успехот на Хабард лежи во тоа што скиентолозите им се обраќаат на луѓето кои се фрустрирани и незадоволни со себе и со нивната околина.

Sto e crkvata na Skientologijata i koj stoi zad nea 05

Најпознатите скиентолози се Том Круз, Џон Траволта, Вил Смит, Кирсти Ели, Џејсон Ли, женскиот дел од семејството Присли, Џовани Рибиси и Кели Престон.

Прочитајте и Наоружани чувари, детски работни кампови: 10 застрашувачки факти за скиентолошката црква!

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
3 психолошки вистини за луѓето со избувлив карактер (што другите најчесто не ги разбираат) Нивните чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза, а п...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
7 лоши навики кои се, всушност, добри за вас Знаете ли дека озборувањето помага да создадете поголема блискост врска со луѓет...
Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg