Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


9 потсвесни работи кои ги правиме кога не сме искрени кон себе

Го игнорираме чувството на немир во утробата, иако од одлуката што ја донесовме или работата што ја направивме ни се превртува во стомакот.

9-potsvesni-raboti-koi-gi-pravime-koga-ne-sme-iskreni-kon-sebe-01.jpg

Во животот мора секогаш да држите со самите себе. Во вашиот живот ќе има светлина и љубов ако верувате комплетно во одлуките кои ги носите.

За да немате стрес и да имате мир сами со себе, мора да делувате на тој начин.

Потсвесни работи кои ги правиме кога не сме искрени кон себе:

1. Наоѓаме оправдувања за нашите постапки и си ја стивнуваме грижата на совест велејќи си „го правам тоа затоа што...“, а ако знаевме дека ја правиме вистинската работа немаше да има потреба за објаснувања.

2. Го игнорираме чувството на немир во утробата, иако од одлуката што ја донесовме или работата што ја направивме ни се превртува во стомакот.

3. Брзо се „ослободуваме“ од негативните емоции, ги потиснуваме и не сакаме да ги анализираме и да научиме од нив.

4. Ги напуштаме своите верувања и не се осмелуваме да си направиме мал критички разговор со самите себе, онака како што им судиме на другите.

9-potsvesni-raboti-koi-gi-pravime-koga-ne-sme-iskreni-kon-sebe-02.jpg

5. Си ги прекршуваме ветувањата дадени на самите себе, понекогаш дури и не сме свесни за тоа.

6. Привлекуваме непотребно драма во нашиот живот и со тоа немаме време и енергија да се концентрираме на тоа што навистина ни е важно, а што очигледно не чини во моментот.

7. Му ја даваме моќта на некој друг бидејќи сме исплашени дека грешиме и сакаме туѓа проценка и потврда, па така нема да мора комплетно да си веруваме себеси.

8. Постојано одложуваме поради страв, но нема начин да сме искрени кон себе ако ја избегнуваме важната работа и постојано се зафаќаме со нешто друго, наместо со неа.

9. Чувствувавме дека имаме товар на душата, иако се обидуваме да го игнорираме тоа, но комплетно ќе бидеме ослободени само кога конечно ќе донесеме одлука според нашите вистински желби.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
Фото докази од луѓе кои имале една работа – и не успеале да ја завршат како што треба Кога вработените во маркет целосно ќе ги промашат производите и ќе ги стават на ...
7 начини на кои несвесно се повредувате самите Дали се лажете себеси дека сте среќни и не си признавате дека нешто ви пречи? Со...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg