Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како словенските народи ја предвидувале иднината?

Видовити луѓе имало кај многу народи, така и кај Словените. На пример, чешките принцези Либуш, Тета и Кази важеле за големи пророци, а Либуш била особено истакната меѓу нив. Со своите пророштва им помогна на Чесите да го изберат кралот со опишување на неговиот изглед и карактеристики. Нордијците ја имале Волуспа, која го најавуваше крајот на светот, додека нашите пагански предци немале увид во иднината од овој тип.

Kako slovenskite narodi ja predviduvale idninata 01

Прочитајте нешто повеќе за начинот на кој словенските народи ја предвидувале иднината...

Словенските народи, кои живееле на територијата околу Балтичкото Море и меѓу реките Одра и Лаба, користеле специфична форма на предвидување – дивинација со коњи.

Тие биле многу поврзани со коњите кои ги претставувале светите животни на нивните богови - Световид, Радгост и Триглав. Во храмовите на овие богови се предвидуваше иднината најчесто пред одење во војна. За таа намена се пуштаа коњите во храмот и се пратеше нивното движење, по што истото беше толкувано.

Свештениците пуштале бел коњ и праетле со која нога прво ќе зачекори во храмот. Ако коњот влезе со десната нога, исходот се сметал за позитивен.

Дивинација која вклучува храна и пијалаци се практикувала во југозападна Русија и Херцеговина. Најчесто се користел медот. Свештеникот би ја набљудувал состојбата на медот, кој бил истурен во жртвениот рог на Световид пред една година. Полниот рог значел дека годината ќе биде плодна и успешна.

Kako-slovenskite-narodi-ja-predviduvale-idninata-02.jpg

Колач или погача, исто така биле користени за време на овој празник. Свештеникот би се криел зад погачата, а доколку би бил виден тоа би значело дека ќе ги очекува лоша година. Колачот или погачата кои би биле толку големи, што многу лесно некој би можел да се скрие зад нив, би значеле дека годината ќе биде плодна.

Гатање со помош на железо и јаглен. Овој вид на гатање се правел на следен начин: Во вода се фрла жежок јаглен или топено олово. Потоа се гледаат формите кои ќе се создадат во водата, односно дали јагленот тоне и во кој дел од садот паѓа. Овој метод се практикува и денес, а бил популарен во средниот век.

Kako slovenskite narodi ja predviduvale idninata 03

Дивинација со помош на книга се практикувала во Русија, а личноста која би го правела ова се нарекувала кудесник. Тој користел одредени магични книги со цел да ја дознае иднината. Овие книги биле астролошки записи, но постои можност да се работи и за нешто сосема различно.

Шаманската дивинација ја опишува Лариса Виленскаја, која го проучувала шаманизмот кај Русите. Овој вид на гатање вклучувал постигнување на состојба на транс за време на кој можеше да се добие увид во иднината.

Kako slovenskite narodi ja predviduvale idninata 04

Словените користеле и други пророчки техники покрај споменатите. Дивинацијата се вршела со помош на пепел, инсекти или набљудување на движењето на птиците. Современата дивинација вклучува гледање на фотографија или интеракција со личен предмет.

Некои од овие ритуали се практикуваат и денес кај многу народи од словенско потекло.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Брат му на Доналд Трамп и уште 4 богати наследници кои завршија неславно и трагично Брат му на Доналд Трамп, син му на Џон Ф. Кенеди, но и синот на основачот на хот...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
12 совети за безбедност што треба да ги знаете – можат да значат живот Кога одите на непозната локација, како сала за концерт, секогаш разгледајте кој ...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg