Жените конечно имаат добра причина за честите средби: Зошто треба да се гледате со пријателите двапати неделно?

Жените конечно имаат доволно добра и издржана причина за нивните чести средби со пријателките , а научниците потврдуваат дека треба да уживаат во времето поминато заедно барем двапати неделно.

zhenite-konechno-imaat-dobra-prichina-za-chestite-sredbi-zoshto-treba-da-se-gledate-so-prijatelite-dvapati-nedelno-01.jpg

Без разлика колку сте зафатени во текот на неделата, секогаш треба да најдете време за пријателите, а научниците го докажуваат тоа.

Според едно истражување на Универзитетот Оксфорд, потврдено е дека средбите со пријателите двапати неделно се добри за здравјето.

И за двата пола, дружењето и социјалниот живот имаа значајно влијание врз физичкото и емоционалното здравје, а луѓето со поголема мрежа на пријатели, помалку патат од болести и полесно се опоравуваат.

zhenite-konechno-imaat-dobra-prichina-za-chestite-sredbi-zoshto-treba-da-se-gledate-so-prijatelite-dvapati-nedelno-02.jpg

Истражувањата дополнително докажуваат дека за жените дружењето со други личности од женски пол, многу повеќе помага за намалување на стресот и анксиозноста, а научниците ја поврзуваат причината за ова со одредени хормони.

zhenite-konechno-imaat-dobra-prichina-za-chestite-sredbi-zoshto-treba-da-se-gledate-so-prijatelite-dvapati-nedelno-03.jpg

Сега имате добра причина да наоѓате време за почесто дружење со пријателите, бидејќи здравјето секогаш е на прво место, независно од полот.

Доколку сте од оние кои сакаат цели денови да седат дома и да гледаат филмови, време е да промените нешто во рутината и да почнете почесто да се дружите со најблиските!

zhenite-konechno-imaat-dobra-prichina-za-chestite-sredbi-zoshto-treba-da-se-gledate-so-prijatelite-dvapati-nedelno-04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Пет работи кои им се забранети на жените во Северна Кореја Мажените жени имаат право само на една фризура и никаде не се продаваат влошки и...
8 типично машки работи кои и жените ги користат со задоволство Широки палта со многу џебови, едноставни машки маички... Знаете ли кои предмети ...
Жени откриваат: „Работи кои сакаме мажите конечно да ги разберат за нас“ „Менструалните болки за некои жени се многу болни и жените не драматизираат“. По...
Македонците најмлади стапуваат во брак на Балканот - во кои земји се чека најдолго? Според податоци на Евростат од 2021 година, во просек, Македонките стапуваат во ...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg