Поглед од вселената
Иако луѓето во последните 10 години се константно присутни во Земјината орбита преку најголемиот вештачки сателит на Меѓународната вселенска станица...
...со кој управува персоналот Expedition 23, неодамна оваа орбитна лабораторија доби простор со неверојатен поглед.
The Cupola претставува купола со седум прозорци која може да се пофали со најголем централен кружен прозор од 80 сантиметри.
Во комбинација со 6 останати трапезоидни прозорци од куполите се нуди прекрасен поглед на вселенските пространства.
Во текот на октомври оваа година, астронаутите и останатиот дел од персоналот кој се наоѓал на Меѓународната вселенска станица, документирале незаборавни погледи од вселената на Земјата и така настанале неколку најубави фотографии.
Со оглед на тоа што немаме среќа туристички да отпатуваме во вселената, како изгледаат Италија, Египет, Флорида или реката Нил од вселената, погледнете во продолжение.