Седумте морални вредности кои го обединуваат човештвото
Уште во 2012 година еден професор по антропологија на Оксфорд започнал дебата со своите студенти околу тоа кои се моралните вредности кои го обединуваат човештвото.
Одговори и претпоставки имало многу, па тој добил идеја да спроведе истражување за општото мислење околу ова прашање. Свесен дека одговорите ќе варираат во однос на тоа колку одредени општества се развиени, решил дека ќе направи збир на сите вредности и ќе ги издвои првите седум.
Без разлика на различностите, луѓето низ целиот свет се соочуваат со одреден „пакет“ на социолошки проблеми и користат слични закони за да ги решат. Поради тоа, може да се заклучи и дека поголемиот дел имаат заеднички морален код, но прашањето било во што тој се состои?
По седум години истражување, спроведено врз 60 различни етнографски групи, професорот Оливер Скот Кари ја составил листата од седумте морални вредности кои го држат човештвото „на куп“:
1. Помогни му на своето семејство
2. Помогни му на своето општество
3. Враќај ги услугите
4. Биди храбар
5. Повлечи се пред авторитетите
6. Користи ги ресурсите паметно
7. Почитувај ја туѓата сопственост
Она што било заедничко за сите групи и култури врз кои е спроведено истражувањето е почитувањето на семејството, довербата во оние кои припаѓаат на исто општество, лојалноста, враќање услуги, но не и одмазда, искажување благодарност, каење за вина и решавање на конфликти без оружје. Секако, има и многу подгрупи на овие седум основни вредности.
Ова не е прва, ниту единствена студија на оваа тема. Уникатна е по тоа што за првпат, преку истражување врз реални луѓе, култури и нации се прави заедничка листа, односно универзални поуки според кои светот се води.
Е. Д. | Црнобело