Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Тајни кодови“ кои авиокомпаниите не сакаат патниците да ги дешифрираат

Доколку сте редовни патници во авион, веројатно сте забележале дека членовите на екипата некогаш зборуваат во шифри, но никогаш не може да откриете што значат.

tajni-kodovi-koi-aviokompaniite-ne-sakaat-patnicite-da-gi-deshifriraat-01.jpg

Сосема е очекувано тие да имаат тајни шифри, бидејќи во итни ситуации, тие мора некако да си сигнализираат, без притоа да создадат паника кај патниците.

Во повеќето авио-компании вработените користат одредени фрази и зборови, а вработените во компаниите за транспорт откриваат значења на дел од нив.

Можеби ќе сакате да знаете што значат следниве фрази, но не паничете предвреме доколку ги слушнете и секогаш чекајте знаци од екипата наменети за патниците:

5 days in Denmark (5 дена во Данска)

Ако сте слушнале некоја слична фраза која си ја кажуваат стјуардесите, никогаш не би погодиле дека не зборуваат за одмор или патување, туку за патник.

Во овој случај, бројот во фразата (5) го означува редот, а првата буква од името на земјата (Д) го означува бројот на седиште.

Па така, оваа фраза би се однесувала на патникот кој седи на седиште 5D, а благодарение на оваа фрази може да дискутираат за одреден патник без останатите да сфатат.

tajni-kodovi-koi-aviokompaniite-ne-sakaat-patnicite-da-gi-deshifriraat-02.jpg

Blue juice (син сок)

Оваа фраза се однесува на сината течност во тоалетот, а ја користат стјуардесите кога сакаат да укажат на дефект на тоалетот, со цел да избегнат непријатни ситуации.

Па ако слушнете дека стјуардесата кажува нешто како „Немаме сина течност/сок“, ќе знаете на што мислат.

tajni-kodovi-koi-aviokompaniite-ne-sakaat-patnicite-da-gi-deshifriraat-03.jpg

Mayday (сигнал за вознемиреност)

Овој код го користат пилотите и капетаните на бродови за да сигнализираат дека се наоѓаат во ситуација која е опасна по живот.

Овој код секогаш се повторува 3 пати по ред (Mayday! Mayday! Mayday!) за да се осигураат дека не се работи за друг збор кој звучи слично.

Инаку, зборот е англиска транскрипција на француската фраза Venez m’aider, што значи „дојдете да ми помогнете“.

tajni-kodovi-koi-aviokompaniite-ne-sakaat-patnicite-da-gi-deshifriraat-04.jpg

Pan-pan (механички дефект)

Ова е исто така фраза која означува сигнал за итна ситуација и повторно доаѓа од француски збор кој значи дефект.

Оваа фраза се користи за ситуации кога не се работи за опасност по животот или здравјето на луѓето, но сепак е потребна помош и поправка.

tajni-kodovi-koi-aviokompaniite-ne-sakaat-patnicite-da-gi-deshifriraat-05.jpg

Code red (код црвено)

Се надеваме дека нема да ја слушнете оваа фраза во реалноста, бидејќи се користи за најтешки и екстремни ситуации во авион, а најчесто истите се поврзани со сериозен технички проблем или принудно слетување.

tajni-kodovi-koi-aviokompaniite-ne-sakaat-patnicite-da-gi-deshifriraat-06.jpg

Кодови со бројки

Покрај сигналите со зборови и фрази, се користат и кодови со броеви:

  • 7500 е радио сигнал код што означува дека авионот е нападнат и окупиран, или ќе биде
  • 7600 означува дефект на станицата/изгубена комуникација
  • 7700 е општ код за итна ситуација
  • Стјуардесите тврдат дека има уште еден таен збор кој го знае само екипата на тој одреден лет, а се бира пред секое полетување, за да се даде таен сигнал до капетанот, во случај на опасност

tajni-kodovi-koi-aviokompaniite-ne-sakaat-patnicite-da-gi-deshifriraat-07.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
12 совети за безбедност што треба да ги знаете – можат да значат живот Кога одите на непозната локација, како сала за концерт, секогаш разгледајте кој ...
Луѓе откриваат интимни семејни тајни: Работи што никогаш нема да ги признаам пред партнерот „Сопругата не знае дека пред да се венчаме, имав односи со мажи“. „Сопругата ...
6 прашања што ќе ви помогнат да ја откриете вашата токсична особина (и како да се ослободите од неа) Дали имате желба да им наредувате на другите и да ги терате да прават тоа што са...
Фрази кои ги користат мажите кога не сакаат да признаат дека грешат Мажите кои не признаваат дека не се во право, многу често ќе правдаат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg