„Тајни кодови“ кои авиокомпаниите не сакаат патниците да ги дешифрираат
Ditch
Значењето на овој код се користи кога е неопходно слетување на вода.
Last-minute paperwork (документација во последен момент)
Оваа фраза ја користат пилотите пред лет, а значи дека летот ќе биде одложен за кратко поради неочекувана ситуација, како на пример, екипата за одржување треба да направи уште неколку проверки за безбедноста на летот.
Purell, Purell, Purell
Purell е бренд за средства за дезинфекција, но во авионите и на бродовите, овој таен код често се повторува трипати за да се повика сервис за чистење.
Најчесто се работи за патник на кој му се лошело и неопходно е чистење.
Code Adam (код Адам)
Оваа фраза ја користат членовите на екипата на авион за да ги информираат останатите членови на екипата дека е изгубено дете, а кодот се користи во чест на Адам Волш, дете кое било киднапирано во стоковна куќа во 1981 година.
Air pocket (воздушен џеб)
Пилотот предупредува за турбуленции.
М. М. | Црнобело