Заборавате често? Не се грижете, тоа е знак на висока интелигенција
Дали некогаш ви се случило да направите десетици планови за еден ден, заборавајќи дека веќе имате договорено? Не бидете лоши кон себе, бидејќи тоа значи дека сте поинтелигентни отколку што мислевте.
Ова го тврди ново истражување на Универзитетот во Торонто, според која мозокот ги подредува информациите според важноста, така што оние со помала важност ги става во позаден план.
На пример, вашиот мозок ги заборава ситниците, но сè уште ја знае „големата слика“, со што остава простор да смислите нешто подобро за да ги пополните празнините. Ова и не е толку лошо, од аспект на тоа што е сосема корисно да ги забораваме и игнорираме ситниците и неважните детали и да се фокусираме на она што е големо и реално.
Но, во реалниот живот, ваквото селективно памтење може да биде проблем, особено кога се во прашање меѓучовечките односи. Доколку заборавите на некој договор со пријател кој ви е значаен, поради нешто што вам лично би ви било од поголема корист, веројатно е дека пријателот ќе ви се налути и дека можеби и нема да имате време и простор да образложите.
Сепак, имајте на ум, заборавањето на одредени детали не ве прави ниту сенилни, ниту неконцентрирани, едноставно, вие имате здрава меморија која правилно функционира и не се „гуши“ со информации.
Поентата на памтењето не е во главата да ги „трупаме“ сите податоци и спомени, туку да ги селектираме и употребуваме оние кои навистина ни се потребни. Во спротивно, нашиот мозок се претвора во обичен контејнер во кој владее безредие и е преполн со куп мемории кои ни се крајно непотребни.
Е. Д. | Црнобело