Извонредни жени кои го промениле лицето на светот со своите дела и достигнувања
Женскиот род и неговата храброст и одлучност со векови биле доведени во прашање, но и покрај тоа, многу жени постојано го оспорувале ова тврдење. Тешко е да се каже кои жени најмногу влијаеле врз историјата, бидејќи ги има многу, но избравме неколку жени кои оставиле најголем печат на денешното општество.
Од контроверзните писателки и активистки, до пионерките во своите области, прочитајте нешто повеќе за овие извонредни жени кои го промениле лицето на светот со своите дела и достигнувања.
Марија Кири, 1867-1934
Марија Склодовска Кири го промени светот не еднаш, туку двапати. Ја има основано новата наука за радиоактивност (го измислила дури и зборот), а нејзините откритија помогнаа за развивање на ефективни лекови за рак.
Кири е првата жена која има освоено Нобелова награда, прв женски професор на Универзитетот во Париз и првата личност која има освоено и друга Нобелова награда.
Роса Паркс, 1913-2005
Во 1955 година, Роза Паркс, афроамериканка од Монтгомери, Алабама, поткрена револуција кога одби да стане од своето седште во автобусот, за да го препушти своето место на некој белец.
Нејзиниот протест бил поддржан од многу други афроамериканци, а со својот активизам го поттикна и движењето за граѓански права. Четири години по нејзината смрт во 2005 година, Барак Обама стана првиот афроамерикански претседател на САД.
Ада Лавлејс, 1815-1852
Ада Лавлејс е ќерка на Лорд Бајрон, надарен математичар и прв компјутерски програмер.
Она е првата личност која го забележа потенцијалот на машините надвор од областа на математиката. Нејзиното внимание било насочено кон изработка на „софтверски“ апликации за аналитички машини.
Нејзиниот алгоритам се смета за прв алгоритам напишан специјално за компјутер, што ѝ дава титула на прв програмер.
Мери Волстонкрафт, 1759-1797
Британската писателка и филозоф, Мери Волстонкрафт, се залагаше за образованието на жените. Нејзината книга, „A Vindication of the Rights of Woman“, објавена во 1792 година, се смета за една од фундаменталните книги на современиот феминизам.
Амелија Ерхарт, 1897-1937
Ерхарт почна да работи во воздухопловството во 1921 година, на возраст од 24 години. Во 1932 година стана првата жена која летала сама низ Атлантикот, а во текот на следните пет години продолжува да ги руши рекордите во брзината на летањето.
Во јуни 1937 година започнува со идеја да лета низ целиот свет, станувајќи прва личност која летала од Црвеното Море до Индија.
Нејзиниот авион исчезна на 2 јули, во близина на островот Хајленд во Пацификот. Прогласена е за мртва во 1939 година.
Вирџинија Вулф, 1882-1941
Најпозната по нејзините дела „Mrs Dalloway“, „Орландо“ и „A Room of One’s Own“, Вирџинија Вулф била еден од основачите на влијателното книжевно друштво наречено „Bloomsbury“.
Соочена со прашањето дали женското пишување е женствено, таа сметала дека големите женски автори „пишувале како пишуваат жени, а не како пишуваат мажи“, со што отвори можност за специфичен женски стил.
Вулф истовремено истакнува дека најголемите писатели (Шекспир, Џејн Остин и Марсел Пруст) се андрогени: способни да го видат светот од машка и женска перспектива.
Симон де Бовоар, 1908-1986
Публикацијата на Де Бовоар од 1949 година „The Second Sex“ имаше одлучувачко влијание врз еволуцијата на повоениот феминизам.
Книгата е преведена на 40 јазици, а со својата содржина посветена на сексуалноста ја скандализирала јавноста, предизвикувајќи бројни дискусии.
Позната по својата изјава „жената не се раѓа како жена, таа станува жена“, Бовоар укажува на фактот дека женскиот пол е определен, не според биолошка туку општествена дефиниција.
Сузан Сонтаг, 1933-2004
Таканаречената „мрачна дама“ на американскиот интелектуален живот, Сонтаг припаѓала на круг на автори кои влијаеле на културниот и општествениот живот на Њујорк.
Се занимавала со режија, литературна и културна критика, филозофија и политички активизам.
Ашера | Црнобело