Што претставува Вика, религиозното движење на современите вештерки?

Вештерките отсекогаш биле популарна тема во приказните, митовите и легендите, а во последно време постојат и документирани докази за вистински или измислени припадници на редот на вештерките. 

Vika novo religiozno dvizenje na sovremenite vesterki 01

Доколку зборуваме за митолошките или фолклорните вештерки, најпознати вештерки се Хеката, Медеја, Касандра и словенската Баба Јага.

Вика е духовна пракса создадена врз основа на обожување на природата. Вештерките го признаваат женското божество, како и женскиот принцип, но не се исклучуваат ни машките богови. Корените на оваа религија лежат во древниот матријархат, а припадниците на овој ред се организирани во ковени.

Се работи за уникатна религија која, за разлика од доминантните монотеистички религии, нема назначени центри за обожавање. Нивната вера се состои од децентрализирана заедница на групи и поединци кои прават обреди најчесто во приватноста на своите домови и/или на отворено, во природа.

Тие не поседуваат официјална „света книга“ или специфична идеологија. На кратко, не постои еден начин на разбирање на божественото, кој се смета за поправилен од другите.

Потеклото на она што денес го нарекуваме Вика започнува во Англија, во првата половина на 20-от век, а човекот кој стои зад оваа религија е Џерард Гарднер. Гарднер сакал да го оживее она за што верувал дека е античка религија, која речиси целосно била искоренета од ширењето на христијанството низ цела Европа.

Тој, заедно со неколку колеги формира ковен во кој се практикуваат ритуали поврзани со обожувањето на големата Божица.

Со текот на времето, оваа нова практика, која многумина ја нарекуваат „стара религија“, почна да се шири, бидејќи членовите на ковенот на Гарднер започнале да формираат свои ковени. Во крајна линија ова доведе до ширење на она што денес се нарекува Вика.

Vika novo religiozno dvizenje na sovremenite vesterki 02

Членовите на оваа религија имаат три правила што треба да ги следат. Прво: „Прави што сакаш, но не повредувај никого“. Второ: „Не можеш да го бараш надвор она што не можеш да го пронајдеш внатре“. Трето: „Сè што правиш ти се враќа трипати посилно“.

Многу луѓе мислат дека не постои разлика помеѓу Вика, вештерство и паганизам. Вика е религија во која се обожуваат божествата на природата, додека паганизмот е широк поим кој се однесува на многу различни традиции на нехристијански, исламски или еврејски религии. Зборот потекнува од латинскиот збор „paganus“ што значи „жител на земјата“, а се користел за да се опишат луѓето кои живееле надвор од главните рурални заедници.

Зборот вештерство се користи за да се опишат луѓето кои практикуваат магија, обожување на природата или практикување на ритуали. Разликата меѓу Вика и вештерството е во тоа што Вика е религија, додека вештерството е пракса. Луѓето можат да го практикуваат вештерството, без да се изјаснат како викани.

Vika novo religiozno dvizenje na sovremenite vesterki 03

Доколку ова не ви е доволно конфузно, постојат и вештерки кои го прифаќаат христијанскиот Бог, како и виканската Божица. Исто така, постојат и луѓе кои практикуваат еврејски мистицизам (Jewitchery) и вештерки атеисти кои практикуваат магија, но не следат одредено божество.

Најпознатиот симбол на Вика е пентаграм. Петте врвови на пентаграмот ги симболизираат петте елементи (земја, воздух, вода, оган и духот Акаша). Се слават осум големи празници: Samhain (31 октомври), Beltane (1 мај), Imbolc (2 февруари), Lammas (1 август), летна и зимска краткодневица, пролетна и есенска рамноденица.

Спред статистики 1 до 1,5 милиони луѓе во светот се идентификуваат како Вика.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
3 психолошки вистини за луѓето со избувлив карактер (што другите најчесто не ги разбираат) Нивните чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза, а п...
12 луѓе со уникатни генетски карактеристики - џиновско влакно од трепки, двобојна брада „Мојата ќерка има прамени на косата во две различни бои“ и уште 11 фотографии со...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg