7-годишно девојче научило знаковен јазик за да комуницира со глуви дечиња
Децата знаат да сакаат на начин на кој возрасните понекогаш забораваат, а малата Џесика, што го освои светот, е доказ за тоа.
Капацитетот за емпатија на децата е неверојатен. Тие знаат да прифатат и да сакаат секого, на начини на кои возрасните понекогаш забораваат.
Џесика Дуган е 7-годишно девојче од Шкотска кое на талент шоуто во нејзиното училиште се пријави да ја изведе песната „This is Me“ на знаковен јазик.
Таа нема проблеми со слухот и говорот, но сакала да го знае знаковниот јазик за да може да комуницира со глуви дечиња.
Нејзиниот татко Мајкл Дуган вели: „Џесика сака да си игра со сите и да ги вклучи сите во дружбата, па затоа ја искористи можноста во нејзиното училиште да го изучува знаковниот јазик.“
Публиката и жирито беа трогнати од нејзината изведба, таа победи на натпреварот и видеото од нејзиниот настап се прошири вирално.
Настапот на Џесика:
С. С. | Црнобело