Како со петминутна медитација да се ослободите од љубомората?

Дури и ако не сте љубоморна личност по природа, некогаш ви се случува да имате некаков испад, без разлика што го предизвикало.

kako-so-petminutna-meditacija-da-se-oslobodite-od-ljubomorata-01.jpg

Тоа може да се случи поради некој реален настан или пак, додека разгледувате по социјалните мрежи и гледате како вашите средношколски соученици или колеги од факултет прикажуваат живот подобар од вашиот.

Иако свесниот дел од вас знае дека на социјалните мрежи се прикажува розова реалност, сепак постои дел внатре во вашето тело кој ве „јаде“ и ве тера да се споредувате со другите.

Како медитацијата помага при овие ситуации?

Многумина на медитацијата гледаат како можност за ослободување од стресот. Практично, љубомората може да биде предизвикувач на стрес, па емоциите кои ги создава мора да бидат пренасочени во нешто попозитивно и поконструктивно. Затоа и се препорачува да медитирате кога го имате овој напад на љубомора.

Тоа можете да го изведете во три лесни чекори:

1. Прибележете ги чувствата

За да може да надминете некој проблем, треба да дефинирате кој е неговиот корен. Истото важи и за љубомората. Дефинирајте од каде доаѓа таа и зошто воопшто се појавила, препознајте ги чувствата без да се срамите од нив и за миг влезете во улогата на набљудувач отстрана.

Нивното набљудување ви дава можност полесно да ги контролирате. Овој дел е навистина едноставен.

2. Дишете и рефлектирајте

Магијата на медитацијата навистина е во дишењето. Кога имате напад на љубомора, обрнете внимание на ритамот на дишење веднаш. Враќањето во нормалниот ритам ќе спречи љубомората да направи подлабока дупка во вас.

Дишете контролирано една минута, длабоко и внимателно. Пуштете ги мислите некаде надвор од вас и ослободете се од претераното размислување.

kako-so-petminutna-meditacija-da-se-oslobodite-od-ljubomorata-02.jpg

3. Усвојте своја мантра

Мантрите се фраза или поговорка која се поклопува со ситуацијата и можете да си ги повторувате за да ги дефокусирате мислите, а потоа и да ги насочите во конструктивен правец.

Можете да си дозволите и да бидете строги кон себе, но најважно е да ја практикувате и почитувате својата мантра, која по одредено време ќе ви влезе во потсвеста и ќе влијае да се справите со љубомората.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg