Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


7 маки што ги имаат сите што мразат распакување на куфери

Долгопланираниот одмор заврши, се вративте дома со многу подароци, убави искуства и полни куфери кои треба што поскоро да бидат испразнети.

ako-mrazite-raspakuvanje-kuferi-togash-sigurno-vi-se-poznati-ovie-7-neshta-01.jpg

Но... некако баш и не ви се празни куферот. Тоа би значело дека дефинитивно одморот е завршен и дека треба да се вратите на секојдневието. Не сте сами во ова, многумина мразат да ги распакуваат куферите после одмор, па тие само си стојат во вашата соба и ги отворате по потреба.

Ваквото чувство по интензитет е еквивалентно на возбудата која ја имате во моментите кога ги пакувате куферите за на одмор.

Ако се препознавте во овој опис, тогаш сигурно ќе се пронајдете во барем едно од овие седум нешта:

Сакате да се телепортирате назад

Распакувањето е симбол на крај на едно патување и сосема е нормално да сакате да се вратите барем уште еден ден назад во вашата омилена дестинација.

Треба да направите план за да се организирате

Ако веднаш сте се вратиле на секојдневните обврски, може и да заборавите на куферот. Тоа е знак дека ви треба подобра организација на времето.

ako-mrazite-raspakuvanje-kuferi-togash-sigurno-vi-se-poznati-ovie-7-neshta-02.jpg

Ве мрзи да ги средите алиштата

Во куферот имате и чисти и еднаш носени и нечисти алишта. Не одложувајте го неговото празнење, бидејќи сето тоа мора да се испере.

Не знаете каде ви се важните нешта

Не можете да најдете нешто што ви треба и ви станува сè појасно дека е во куферот и чека да биде испрано.

Перењето трае вечно

Откако се помиривте дека кога-тогаш ќе треба да го испразните куферот, време е за перење. А тоа перење, со селектирање по материјали и бои, трае и по цела недела.

ako-mrazite-raspakuvanje-kuferi-togash-sigurno-vi-se-poznati-ovie-7-neshta-03.jpg

Ви се приспива

Влегувате дома, го здогледувате куферот и сфаќате дека прво ќе дремнете малку, па потоа ќе го средите. И така со денови.

Тешко ви е да го кренете

Откако го испразнивте куферот, се чувствувате како да си ја испразнивте и душата. Време е да го сместите во шпајзот или под креветот, до следното патување.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
Фото докази од луѓе кои имале една работа – и не успеале да ја завршат како што треба Кога вработените во маркет целосно ќе ги промашат производите и ќе ги стават на ...
7 работи што треба да ги направите пред да заминете на одмор Кренатите ролетни во кујната и тоалетот оставаат впечаток дека сте дома, па пома...
6 прашања што ќе ви помогнат да ја откриете вашата токсична особина (и како да се ослободите од неа) Дали имате желба да им наредувате на другите и да ги терате да прават тоа што са...
7 прашања со кои ќе откриете дали имате некоја токсична карактеристика Дали ги лажете другите за да добиете нешто што сакате? А, дали им љубоморите на ...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg