„Дали овчичкитe кои не можат да заспијат бројат луѓе?“ - Цртежи кои ќе ве натераат да смислите 1001 приказна
Маргарита Кухтина (Margarita Kukhtina) е илустратор од Москва, која создава неверојатни цртежи за книги, сликовници, реклами и списанија. На Инстаграм се потпишува како @gitkadraws.
Откако ги завршила студиите на Државниот универзитет на словенска култура на отсекот за уметност во главниот град на Русија, Маргарита ја изработила својата прва илустрирана книга во 2015 година.
Од тогаш има соработувано со многу руски и европски издавачи. Како и многу други уметници, самата признава дека првично прави груби скици со молив, а подоцна ги избира оние кои ѝ се допаѓаат најмногу и ги довршува дигитално.
Сепак, нејзините цртежи се одликуваат со толку многу нежност и топлина која ќе ви го растопи срцето. Најдоброто од сè е што можете самите да си смислите приказна за секој од нив, онака како што го сторивме тоа ние.
Погледнете како изгледаат различните ситуации од секојдневниот живот пресликани во илустрирана бајка:
Твоето стомаче е мојата втора омилена перница.
Мендо повторно сонуваше лошо.
Дали овчичкитe кои не можат да заспијат бројат луѓе?
Есенски роденден со чајанка.
Нова „профил“ фотка за Фејсбук
Може ли да се стисне желба во шолјичка од чај?
Дотерај се, за себе.
Повикот на природата ѕвони на најгласно.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





