Зошто во '80-те години имало толку многу сериски убијци?

Податоците собрани од разни истражувачи покажуваат дека од крајот на 60-те години до 80-те години постоел голем пораст на сериски убиства, кој во наредните децении почна да се намалува. Порастот на сериските убиства во тоа време, кога Тед Бунди, Џефри Дамер и Гејси убивале низ улиците на САД, најверојатно имало некоја заедничка точка. Зошто токму во 80-те години имало толку многу сериски убијци?

Zosto vo 80 te godini imalo tolku mnogu seriski ubiјci 01

Прво, овој период се совпаѓа со општото зголемување на насилниот криминал во САД и Канада. Во тоа време општеството доживувало големи промени - луѓето повеќе патувале, поретко ги знаеле своите соседи, авто-стоп бил вообичаен и сл. Сите овие работи им олеснувале на убијците да ги најдат своите жртви.

Полицијата во тоа време немала големи бази на податоци и банки за истражување, кои би можеле да им помогнат да ги поврзат сличните кривични дела. ДНК не се користела до средината на осумдесеттите години за форензички цели. Токму во 80-те години за прв пат се користи терминот "сериски убиец".

Исто така, многумина од сериските убици биле деца за време на Втората светска војна и повоената ера . Во тоа време не се дискутирало за психолошкото влијание на глобалниот конфликт.

Zosto vo 80 te godini imalo tolku mnogu seriski ubiјci 02

Многу од убиците од тој период не зборувале за нивните татковци, а оние кои зборувале, раскажувале за нивното трауматизирано враќање од војната. Помалку е изразено, но забележително е зголемување на сериски убиства помеѓу 1935 и 1950 година. Се работи за генерации кои се родени за време на или по Првата светска војна.

Во извештајот од ФБИ кој се занимава со проучување на однесувањето на поединците, се истакнува дека не постои ниту една причина или фактор кој доведува до развој на сериски убиец. Наместо тоа, постојат многу фактори кои придонесуваат за нивниот развој. Најважниот фактор е личната одлука на серискиот убиец да изврши криминално дело. ФБИ проценува дека помалку од 1% од сите убиства во една година извршуваат сериски убијци.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg