Мали ветувања кои треба да си ги дадете себе и да се обидете да ги одржите една година
Најлесно е да се излажеш себе, никој нема да дознае, ниту пак да ти суди поради тоа.
Но, до кога ќе можете така? Како сакате да се промените, ако само се лажете себе во врска со што и да е од вашиот живот?
Почнете со помали чекори. Дајте си ги овие мали ветувања и обидете се да се држите до нив цела година. Со среќа!
1. Дека ќе го ограничите времето поминато на социјални мрежи и веќе нема да си го запоставувате животот поради Фејсбук и Инстаграм.
2. Дека ќе престанете да мислите на поранешните партнери и на тоа колку сте повредени поради нив. Нормално е некој да ви недостига и да мислите, но не до степен во кој се саботирате себе.
3. Дека ќе воспоставите здрава и балансирана врска со храната, наместо да испробувате тренди диети со јо-јо ефект.
4. Дека ќе донирате непотребна облека, наместо да ја фрлате.
5. Дека ќе се охрабрите да зборувате ако имате нешто значајно да кажете, дури и ако се плашите.
6. Дека ќе бидете целосно искрени кон себе во однос на плановите и промените кои ги имате.
7. Дека ќе бидете построги со своите финансии и дека ќе заборавите на импулсивното трошење пари.
8. Дека ќе прочитате со големо внимание барем една книга и ќе ги следите своите реакции што ги побудува.
9. Дека ќе го прекинете својот циклус на мрзеливост и ќе се фрлите на работа на себе.
10. Дека ќе бидете искрени за своите приоритети и дека нема да жалите по она што треба да го жртвувате.
11. Дека ќе признаете дека слушате чудна музика кога сте сами дома.
12. Дека нема да си судите себе ако прекршите едно од овие ветувања. Сепак сте човек кој се сака себе дури и со сопствените грешки.
Е. Д. | Црнобело