Што да правите наместо секс?
Истражувањата покажале дека сепак може да живееме без секс. Но, се уште не е објаснето што може да правиме место оваа активност. Неколку секојдневни...
...работи може да ви помогнат пред да се впуштите во истражување на напредните техники.
1. Разговарајте. Ќе се изненадите колку ви недостигал искрениот и отворен редовен разговор со партнерот. Секако, не може да го замени сексот, но може да биде еднакво забавно.
2. Гледајте филмови и телевизија. Може да уживате во најновите филмски достигнувања или да се смеете на старите комедии. Убаво е чувството кога со некого делиш нешто повеќе од возбудливи моменти.
3. Прочитајте добра книга. Релаксација покрај добра книга. Ретко кој може да ви го овозможи ова. Тишина, тивка музика и добра книга- од кога не сте имале време за вакво нешто?
4. Правете аеробни вежби. Секојдневната работа на телот, па макар и џогирање ви помага да го одржите расположението и кога имате недостиг на секс.
5. Патувајте низ светот. Оставете се зад себе. Заминете на долг пат, прошетајте низ светот.
6. Учете странски јазици. Која корист од јазикот ако не знаете да го употребувате. Усовршете барем уште еден странски јазик.
7. Завршете факултет. Да, изгледа дека без секс поголем ќе биде процентот на оние кои ќе дипломираат на време.
И, на крај сепак пред се ова би избрале секс, нели?