Ако денот не ви тргне од рака...
Станавте на лева нога. Ништо не ви е по ќеиф. Нервозни сте, нерасположени и радо би го преспале денот. Но, немате избор. Ве чека работа, обврски...
...факултет, учење... Како да го спасите расположенито?
Ова се неколку совети како да го претворите лошиот ден во поубав...
1. Направете нешто добро за некого.
2. Купете го најубавото чоколадо и изедете го за десерт.
3. Гласно слушајте ја музиката што ја сакате.
4. Смислете романтична вечер за партнерот.
5. Фотографирајте низ градт.
6. Направете попис на работите кои ги цените.
7. Испланирајте си одмор за наредниот празник.
8. Излезете во град и напијте се топло чоколадо, ако не ви е до журкање.
9. Потсетете се на последниот одличен секс.
10. Прошетајте низ градот. Кога последен пат сте ги посетиле нашите знаменитости?
11. Отидете на курс за јога.
12. Средете си ја собата.
13. Одвојте време за разубавување.
14. Шетајте се низ паркот. Ако имате куче – уште поубаво.
15. Направете палачинки
16. Јавете се на стар пријател кој не сте го виделе одамна.
17. Гледајте некоја нова добра комедија.
18. Уживајте во денот. Вие го заслужувате тоа.