Непишани бон тон правила за однесување во машки тоалет

Не воспоставувајте контакт со очи со другите момци и не разговарајте во тоалетот додека ги користите писоарите.

nepishani-bon-ton-pravila-za-odnesuvanje-vo-mashki-toalet-01.jpg

Постојат многу бон тон правила за однесување во машки тоалет со писоари и, за среќа, мажите инстинктивно се придржуваат кон нив.

Дел од непишаните бон тон правила за во машки тоалет:

- Правило број еден е – Не зборувајте додека уринирате. Без разлика што во женските тоалети се озборува и смее, во машките тоалети треба да е тивко.

- Дури и кога ќе сретнете некој што го знаете не треба да разврзувате разговори, туку само да се поздравите со климнување на главата, а потоа да се најдете надвор од тоалетот.

nepishani-bon-ton-pravila-za-odnesuvanje-vo-mashki-toalet-02.jpg

- Кога имате избор, никогаш не одлучувајте да уринирате веднаш до писоарот што го користи некоја друга личност. Ќе изгледате како чудак.

- Понекогаш ќе се најдете во тоалет со многу луѓе и ќе бидете присилени да користите писоар меѓу други двајца мажи. Тогаш може да дојде до блокада и по 20 секунди само да стоите и да не успеете да уринирате и вие и тие до вас. Не е страшно, тајната останува ваша.

- Ако влезете во празен тоалет фатете некој писоар од страна, а не во средина, за да не биде чудно ако во меѓувреме влезе друг маж.

nepishani-bon-ton-pravila-za-odnesuvanje-vo-mashki-toalet-03.jpg

- Кога уринирате не го држете телефонот во рака затоа што изгледа лошо и е навистина нехигиенски.

- Кога уринирате само гледајте право напред, не воспоставувајте контакт со очи и не гледајте што прават другите момци, тоа е нивна работа.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 работи кои ги правите на доктор, а не треба (не се според бон-тон) Не го откажувате терминот на „Мој термин“, прашувате за здравјето на други пацие...
Бон-тон правила на кои најчесто не им обрнуваме внимание (иако треба) Вистинските дами на важните настани носат хулахопки, дури и кога надвор е премно...
Донесете подарок, не доцнете и уште 7 правила кои ќе ве направат совршен гостин Посетата на нечиј дом бара почитување одреден бон-тон правила, со цел да оставит...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
Морничавото убиство на Џани Версаче: Бил застрелан пред својот дом, до денес никој не знае зошто На само 50-годишна возраст, осовачот на Versace беше застрелан и убиен пред него...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg