Имал секс со стотици жени, па 6 години целибат, сега чека прва брачна ноќ за секс
Со жените не се поврзувал емоционално, имал безначаен секс со која ќе стигне и бил момче лудо по забави, но вели дека поради целибатот е посреќен.
Роберт Ковалски (46) од Мериленд вели дека бил „лошо момче“ и во младоста спиел со огромен број на убави жени.
Авторот и мотивациски говорник сам кажува дека во 20-тите години од животот бил „машка распуштеница“. Спиел со жени со кои не чувствувал никаква емоционална поврзаност.
Но, неговиот стил на живот драстично му се променил во 2000 година кога се посветил на религијата и духовноста и тоа го довело до одлуката да се зарече на целибат.
Си забранил состанување и секс со жени цели 6 години, сè до 2006 година кога потребата за врски со жени повторно го вратила на старите лоши навики.
Во 2011 почувствувал вина и повторно се одлучил на целибат. Оттогаш, па до денес Роберт немал секс.
За старите денови вели дека девојките ги бирал чисто според физичкиот изглед и со нив не се поврзувал на психичко и емоционално ниво, па лесно се одлучувал на неверства во мигот кога некоја друга жена ќе му се допаднела.
Од октомври 2018 година Роберт започнал да се состанува со една жена, која го прифатила неговиот целибат. Тој ѝ рекол дека ќе имаат секс дури кога ќе стапат во брак. Роберт вели дека таа го разбира и подготвена е да чека до првата свадбена ноќ.
Роберт вели дека транзицијата била тешка, но дека таа го обликувала во човекот што е денес. Сега повеќе ги цени врските, сексот и е посреќен.
Како изгледа Роберт денес:
С. С. | Црнобело