Доцнење, гласно сркање, пиење вино „на екс“: Некултурни манири кои во други земји се сосема нормални

Мислите дека е некултурно да сркате гласно од супата или пијалакот? Секако дека е, барем во нашата земја.

docnenje-glasno-srkanje-nekulturni-maniri-koi-vo-drugi-zemji-se-sosema-normalni-01.jpg

Но, постојат земји во кои не важат нашите општо прифатени бон тон правила за соодветно однесување.

Па така, во некои други култури, сосема е прифатливо да испуштате звуци при јадењето на маса со други луѓе, да дојдете подоцна од договореното, или да оставите храна во чинијата. 

Некаде, дури и се смета за некултурно ако не направите нешто што кај нас е неприфатливо, па затоа е добро да ги знаете правилата за однесување во другите култури.

Некултурни манири кои во други земји се прифатливи:

Гласно сркање од јадење и пиење

Место: Кина и Тајван

Гласното јадење значи дека јадењето ви се допаѓа, а домаќинот е задоволен од комплиментот.

docnenje-glasno-srkanje-nekulturni-maniri-koi-vo-drugi-zemji-se-sosema-normalni-02.jpg

Доцнење на договорено време

Место: Индија

Тука е сосема нормално да се појавите на ручек 15-30 минути по договореното, бидејќи тие се релаксирани и не се во трка со времето.

docnenje-glasno-srkanje-nekulturni-maniri-koi-vo-drugi-zemji-se-sosema-normalni-03.jpg

Пиење вино „на екс“ 

Место: Грузија

Традицијата во оваа земја вели дека по наздравувањето, пијалакот од чашата треба да се испие до дно, но за среќа, чашите се помали.

docnenje-glasno-srkanje-nekulturni-maniri-koi-vo-drugi-zemji-se-sosema-normalni-04.jpg

Не понудување да се подели сметката

Место: Франција

Во оваа земја, делењето на сметка во ресторан се смета за несофистицирано, па за да избегнете чудни погледи, треба да се понудите да ја платите цела сметка, или да оставите некој друг да го направи тоа.

docnenje-glasno-srkanje-nekulturni-maniri-koi-vo-drugi-zemji-se-sosema-normalni-05.jpg

Да храните некого со раце

Место: Етиопија

Иако кај нас, повеќето јадења е културно да се јадат со прибор, во Етиопија хранењето на другите од ваши раце е гест на гостопримство.

docnenje-glasno-srkanje-nekulturni-maniri-koi-vo-drugi-zemji-se-sosema-normalni-06.jpg

Не заблагодарување на пријатели или семејство за поканата за ручек

Место: Индија

Во Индија, заблагодарувањето за поканата на крајот на ручекот се смета како форма на плаќање и навреда, па ако сакате да возвратите, поканете ги следниот пат домаќините кај вас.

docnenje-glasno-srkanje-nekulturni-maniri-koi-vo-drugi-zemji-se-sosema-normalni-07.jpg

Не дојадување на храната до крај

Место: Азија

Иако кај нас може да биде навредливо ако не го дојадете јадењето до крај и да оставите впечаток дека не е вкусно, во многу азиски земји, ако изедете сè до последна трошка, може да значи дека домаќинот не ви понудил доволна количина, па во ред е да оставите малку храна.

docnenje-glasno-srkanje-nekulturni-maniri-koi-vo-drugi-zemji-se-sosema-normalni-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg