Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто е поверојатно Дедо Мраз да живее на Јужниот пол, отколку на Северниот?

Зошто Северниот пол е најверојатно едно од најлошите места на планетата за огромната работилница за играчки на Дедо Мраз?

zoshto-e-poverojatno-dedo-mraz-da-zhivee-na-juzhniot-pol-otkolku-na-severniot-01.jpg

На Северниот пол нема што многу да се види, тоа е место со вода каде санти мраз пловат низ Северниот Леден Океан (Арктички Океан). Таму не живеат луѓе, туку само моржови и поларни мечки.

Северниот пол е најверојатно едно од најлошите места на планетата за огромната работилница за играчки на Дедо Мраз. Ако тој навистина ја направил таму, ќе треба да носи одело за нуркање постојано.

zoshto-e-poverojatno-dedo-mraz-da-zhivee-na-juzhniot-pol-otkolku-na-severniot-02.jpg

Тоа е затоа што Северниот пол не е земја и копно, туку место со вода и движечки санти мраз.

Можеби токму затоа жителите на Лапонија и Финска со години тврдат дека кај нив е родното место на Дедо Мраз. Но, тие воопшто не се најблиското место до Северниот пол.

Најсеверниот град на светот е Longyearbyen, кој се наоѓа на норвешкиот архипелаг Svalbard, лоциран помеѓу Норвешка и Северниот пол.

zoshto-e-poverojatno-dedo-mraz-da-zhivee-na-juzhniot-pol-otkolku-na-severniot-04.jpg

Луѓето таму живеат во многу сурови услови со многу мрачни месеци во годината. Такви се околностите и во најсеверните делови од Русија, Алјаска, Канада и Гренланд. Но, никој од овие луѓе не живее токму на Северниот пол.

zoshto-e-poverojatno-dedo-mraz-da-zhivee-na-juzhniot-pol-otkolku-na-severniot-03.jpg

Истражувачот Ерик Ларсен со планинарот Рајат Вотес во 2014 тргнале на експедиција до Северниот пол, но за навистина да дојдат до таа точка тие морале да ја стават својата опрема во вода и да пливаат.

zoshto-e-poverojatno-dedo-mraz-da-zhivee-na-juzhniot-pol-otkolku-na-severniot-06.jpg

На мапата се гледа каде е Северниот пол, а големата снежна површина е Гренланд.

zoshto-e-poverojatno-dedo-mraz-da-zhivee-na-juzhniot-pol-otkolku-na-severniot-05.jpg

Кога станува збор за работилницата на Дедо Мраз, Јужниот пол е подобро место. Таму тој би бил на копно, а и би имал друштво со оглед на тоа што постојат истражувачки центри со луѓе од разни сфери кои се сместени таму.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg