Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Празниците поминати со вашата мајка имаат многу бенефити и за вас и за неа

Сигурно е дека го обожавате своето семејство, но сите се свесни дека мајката е посебен член чие присуство секогаш е пријатно.

praznicite-pominati-so-vashata-majka-imaat-mnogu-benefiti-i-za-vas-i-za-nea-01.jpg

Ако сте одлучиле овие празници да ги поминете со своите, вие придонесувате да се поштедите од многу стресови и нервози и да го имате најубавиот празничен период во животот.

Вашата мајка сигурно ќе ви дозволи да изедете колку сакате колачиња и ќе ви подготви топло чоколадо според рецептот кој само таа го знае.

За момент ќе се почувствувате како да сте повторно дете, бидејќи:

Ќе ги јадете нејзините зимски готвени оброци

Мајка ви сигурно нема да ве остави да се храните од маркет или од сендвичарница. Имате неколку дена да уживате во добро познатиот вкус на свежата домашна храна.

Ќе гледате новогодишни филмови

Традицијата од детството продолжува. На сите телевизиски канали има новогодишна програма, а сигурно ќе изгледате барем еден филм заедно со вашата мајка.

praznicite-pominati-so-vashata-majka-imaat-mnogu-benefiti-i-za-vas-i-za-nea-02.jpg

Заедно ќе испечете колачиња

Вие, вашата мајка и братот или сестрата можете да си играте како некогаш. Мајка ви нека направи тесто, а вие со калапи вадете форми и редете ги за печење.

Ќе украсувате низ дома

Имате полна кутија украси кои ги памтите откако знаете за себе, но и таа секогаш има нешто плус што рачно го изработила.

Целата празнична сезона ќе ви биде магична

Во топлината на својот дом, со своите најблиски и без потреба да се грижите за другите, сигурно ќе имате еден од најубавите празници во својот живот.

praznicite-pominati-so-vashata-majka-imaat-mnogu-benefiti-i-za-vas-i-za-nea-03.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Доби милиони од пејачот, па исчезна: Што се случи со детето кое прво го обвини Мајкл Џексон за силув... Додека беше тинејџер, Џордан Чендлер доби 23 милиони долари од Мајкл Џексон, как...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg