Автомобилите и жените

sto-e-zaednicko-za-avtomobilite-i-zenite-povekjeМажите најчесто се многу приврзани за своите автомобили. Верувале или не и автомобилот може да ве научи на работи потребни за одржување...

 

...на врската и девојката.

Што е заедничко за автомобилот и жените?

sto-e-zaednicko-za-avtomobilite-i-zenite-1

10 – Никогаш не го земајте од пријателот. Добро го знаете минатото на автомобилот на пријателот, километражата и начинот на одржување, се поставува прашањето зошто да не купите автомобил од пријател?

Кога ќе се појават проблеми со автомобилот тоа може да влијае на вашето пријателство. Можеби пријателот ќе си го побара она што ви го продал. Слично е и со жената. Не земајте поранешна девојка на пријателот.

9 – Не постои едноставен проект. Гледате дека некој автомобил е оштетен и мислите дека лесно може да го поправите. Но, често не е толку едноставно. Слично е и со девојките кои изгледаат како да треба да ги спасите.

8 – Доправените автомобили се скапи. Ако сакате посебна линија и добра марка тоа мора и да го платите екстра. И резервните делови се многу скапи. Слично е и со добрите девојки. Морате многу да вложувате во нив. Не само финансиски туку и емотивно.

7 – Отидете прво на пробно возење. Пред да купите автомобил задолжително отидете на пробно возење. Нема да ја купите ако само ви се допаднала на интернет. Така е и со девојките. Пред да се врзете, обидете се да се запознаете подобро.

sto-e-zaednicko-za-avtomobilite-i-zenite-26 – Слушајте го својот автомобил. Вие точно знаете ако некој звук е нов или поинаков. Така гледајте и на девојката. Со ситни постапки ќе ви покаже што не чини.

5 – Некои автомобили нема смисла да ги поправате ниту да ги чувате во гаража. Да, знаете каков ви е автомобилот, ги знаете неговите предности и мани, но во еден момент доаѓа време кога треба да го промените. Тој едноставно повеќе не одговара на вашите животни потреби. Исто е и со девојките. Ако таа созрее пред вас, или обратно, веќе нема што да правите заедно.

4 – Секогаш ќе се сеќавате на првиот. Без коментар. Првиот автомобил и првата девојка никогаш не се забораваат.

3 – После незгода автомобилот веќе никогаш нема да биде ист. Колку и да го поравате, ќе се чувствуваат последици. Некогаш продолжуваме да го возиме, но некогаш мора да го замениме. Слично е и во врските после некои големи проблеми, расправии и недоразбирања.

2 – И најдобриот автомобил нема да биде добар ако не знаете како да управувате со него. Ако не знаете да ги искористите предностите – ќе ви пружи онолку колку што може. Морате да сфатите кои се главните предности за да може да уживате во него. Исто е и со девојките.

1 – Редовно одржувајте го. Ако редовно го одржувате ќе трае подолго. Не е доволно само да го купите. Така е и со врските.

Би можело да ве интересира:

7 лоши навики кои се, всушност, добри за вас Знаете ли дека озборувањето помага да создадете поголема блискост врска со луѓет...
Бон-тон грешки заради кои делувате како некултурна личност Ги оставате корпите на каса во маркет, коментирате за нечиј изглед, нагласувате ...
Креативно или „кич“: Луѓе споделуваат необично сервирана храна во ресторани (фото) Пијалак во конзерва од супа, кафе во шолја која личи на тоалетна школка… Сте вид...
Си легнуваш гладен и уште 9 работи што ги разбираат само оние кои живееле во сиромаштија „Сиромаштијата значи постојано планирање за следниот оброк, за следната сметка, ...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Инвалидска количка претворена во кочијата на Пепелашка: Креативни Halloween маски на луѓе со попрече... Девојка со ампутирани екстремитети како порцеланска кукла, детенце во инвалидска...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg