Тајни за среќна и успешна 2019 година - како да привлечете среќа и богатство во новата година?

Се верува дека ноќта пред Новата година потребно е целосно да го исчистите домот, а доколку во кујната оставите неред, ќе ве очекуваат финансиски проблеми во Новата година, односно ќе западнете во долгови.

Tajni-za-srekna-i-uspesna-2019-godina-01.jpg

Еве како според Фенг-шуи традицијата треба да го подготвите домот за дочекот на Новата година:

Кога сакаме да отвориме нова врата, односно да влеземе во нова етапа, потребно е да ја затвориме, односно да раскрстиме со старата.

Пред влегувањето во новата животна фаза, треба да го пронајдеме вистинскиот начин како зад себе да ги оставиме старите работи, настани и случки. Потребно е да ги пуштиме од себе и да бидеме отворени за нешто ново.

Секоја личност треба да научи да владее со енергијата околу себе. Нашите предци го знаеле и го практикувале ова, но со текот на времето обичајот се изгубил.

- Денот пред Новата година потребно е да се исчисти целиот мебел во домот. По генералното чистење на домот, задолжително треба да се пребрише целиот мебел, кваките на вратите и прозорците со следниот раствор: Морска сол + вода + јаболков оцет, со цел да се прочисти енергијата во домот и да се отстранат сите стари, изминати случки.

Особено внимание треба да обрнете на средувањето на кујната и кујнските елементи. Плотната ги симболизира приходите во домот, рерната – ненаплатените долгови, садоперот пак означува лоши вести, а фрижидерот асоцира на пари.

Доколку кој било од овие елементи е неуреден, односно валкан, освен наведените негативни импликации кои ги симболизираат истите, постои можност некој член од семејството да има здравствени проблеми во текот на идната година.

- Немојте секој дел од мебелот да го враќате точно на истото, претходно место. Нека разликата во однос на претходната позиција биде барем 1 cm. На тој начин ја придвижувате енергијата која стагнирала.

- Облеката и обувките кои не ги носите повеќе потребно е да ги фрлите или да ги подарите некому. Не задржувајте ги повеќе доколку не ги употребувате. Во Новата година зачекорете со барем едно ново парче облека на себе, или барем нов пар чевли.

- Уште едно верување доколку сакате просперитетна и бериќетна нова година, потребно е да купите нешто украсно, убаво и ново во поглед на садовите, во кои ќе ја послужите храната на трпезата. Доколку останете дома за Новата година и ја послужите храната во нови и прекрасни садови, можете да очекувате изобилство и благосостојба во текот на целата идна година.

- Подгответе убаво декорирана новогодишна трпеза, без разлика дали ќе ја дочекате Новата година надвор од домот. Во новата година потребно е да влезете со богата трпеза на масата, со цел месеците кои ни претстојат да бидат просперитетни.

- Напишете писмо до Дедо Мраз во кое ќе ги наведете вашите лични желби и ставете го под елката. Не е важно колку години имате, битно е да ја сфатите поентата на желбите во пишана форма: документирајќи ги желбите во вид на испишани зборови, создавате фреквенција преку која се групираат желбени честички, кои со текот на времето ќе се спојат меѓусебно и ќе го создадат материјалниот облик на желбата која сте ја посакале.

Со секоја напишана желба вие го активирате реализирањето на целта.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Детали од земјите ширум светот кои кријат необични приказни Ако во Шкотска видите црвена влезна врата, тоа значи дека домаќинот го исплатил ...
Ситници во домот за кои гостите нема да ви преречат, но сигурно ги забележуваат Валкан под во кујната и мали дефекти низ домот – за кои ситници гостите можеби н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg