Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто за време на славата се пали свеќа?

Свеќата е неопходен дел од ритуалите кои православните христијани ги спроведуваат за време на семејните слави.

zoshto-za-vreme-na-slavata-se-pali-slavska-svekja-01.jpg

Православните христијани кога имаат домашна слава, тие всушност го слават светецот заштитник на нивниот дом. Тогаш целото семејство се собира околу поставената маса, се споделуваат љубовта, слогата и мирот. По желба, се канат и гости.

Се верува дека славската свеќа е дар на семејството кон Бога. Таа претставува светлина на вербата и се пали при сечењето на славската погача. Според традиционалните верувања, молитвата и славската свеќа привлекуваат добра енергија и ја чистат душата од негативни елементи.

zoshto-za-vreme-na-slavata-se-pali-slavska-svekja-02.jpg

Многумина оставаат свеќата да гори во текот на целиот ден на славата, а остатокот од нејзе се пали за другите верски празници кои семејството ги слави. Може да се остави и под домашниот иконостас да догори.

Свеќите се неизоставна декорација за време на верските празници, а често се поврзуваат и со релаксирачки и медитативни својства, кои ги чувствуваат оние кои веруваат дека пламенот е светлина кон Бог и неговиот пат.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто не можете да ги видите ѕвездите додека летате со авион? Дали и вие сте од оние патници кои зјапаат од прозорецот на авионот кон небото? ...
Вечерва почнува зимското сметање на времето: Како влијае врз луѓето и како да се адаптирате полесно? Ноќта кога почнува зимското сметање на времето, добиваме еден час повеќе за спие...
Пожар, убодна рана: Безбедносни совети што е добро да ги знаете Што да правите ако ви се запали масло во тава или ако вие или некој друг е пробо...
11 знаци дека сте „црната овца“ во семејството Успесите ви се поздравени со потсмев... „Честитки за изложбата, убаво е да имаш ...
Кои светски ѕвезди се родени во знакот на Близнаци? (фото) Од Анџелина Џоли и Кајли Миног, до принцот Вилијам и оскаровецот Килијан Марфи -...
Артист од Холандија прави забавни уметнички инсталации низ Амстердам (фото) Френк де Руве e уличен уметник од Амстердам кој работи под називот „Френки“ и се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg