Вратете си го расположението
Советите кои се наведени подолу функционираат изолирано, но ако сакате да се ослободите од проблемот на незадоволство, најдобро би било да ги...
...комбинирате. Поставете си ги овие прашања за да сфатите што не функционира:
1. Што навистина ме мачи?
Вознемирени сте и тажни, а не знаете зошто. Вратете се назад неколку часа или денови. Враќајте се со мислите назад, се додека не откриете што е она што лежи под вашето лошо расположение, на место да ги обвинувате сите кои ќе ви се најдат на патот.
2. Дали избегнувам нешто?
Лесно е да го вперите прстот во нељубезната продавачка или таксист. Ако никако не можете да дојдете до коренот на проблемот, запрашајте се дали постои нешто што ни самите на себе не сакате да си го признаете? Можеби се насобрале неколку проблеми во изминатите месеци? Ако и самите признаете што е вистинскиот проблем, ќе почувствувате олеснување уште пред да почнете да го решите.
3. Концентрирајте се на дишењето.
Длабоко воздивнете 10 пати. Дишењето може да ја врати рамнотежата и нервниот систем.
4. Пронајдете мирно место.
Место каде можете комплетно да го исклучите сето она што ви го стимулира мозокот
5. Најдете си занимација.
Откако ќе го воочите проблемот, пронајдете нешто што ќе ви го оттргне вниманието. Спортувајте, излегувајте, читајте, играјте игри... Ќе ви помогне да се смирите, а мозокот ќе ги испроцесира информациите, па полесно ќе се справи со информациите кога ќе се вратите во нормала.