Влезете во светот на кристалите и запознајте ја нивната моќ
Залудно нема гласини во светот дека што повеќе знаеш за кристалите, толку повеќе може да имаш корист од нив.
Иако на почеток може да изгледа така, сепак не е воопшто едноставно да се припитомат тие цврсти тела во тела со правилен геометриски форми, како што се: триаголник, ромб, квадрат, ромбоид, правоаголник...
Колку и да сакаме да негираме, мора да се согласиме дека кристалите се ДНК на планетата Земја од една причина зошто настанале и се формирале уште во времето кога светот се обликувал и развивал.
Па ако е така, тогаш во кристалите се запишани сите сили и сеќавања за развојот на нашата планета. И замислете ако успееме да ја ослободиме нивната енергија можат да се случат чуда. На крајот на краиштата нивната кристална структура овозможува да ја впиваат, насочуваат и емитуваат енергијата.
Има секаков вид на кристали, преку стотици видови кои се лесно достапни во денешно време. Некои кристали можат да ја прочистат енергијата во просторијата (ќилибар), други да привлечат богатство (цитрин), некои ќе ви помогнат да ја зголемите интуицијата (апофилит), да привлечете љубов (родонит)... И секако со некои кристали може и да се исцелува (смитсонит).
Ако сакаме да ги користиме, прво мора да научиме како да ги чистиме кристалите. Има многу начини, но наједноставниот е да се стави под млаз млака вода или да се потопат во морска или солена вода. И не само тоа, ментално треба да се посветите целата негативност да биде отстранета од кристалот и повторно да се наполни со енергија.
Кога ќе завршите со чистењето треба да се даде улога на тој кристал, поточно да се програмира истиот. Да му се даде цел за да може да ја насочува енергијата. Ако некогаш се решите да се занимавата со ова, прво добро истражете и набавете веродостојни извори пред да влезете во светот на кристалите и да ја осознаете нивната моќ.
Да не се лажеме, има многу работа и посветеност додека да се навлезе во самата срж на кристалот, но во моментот кога ќе си признаеме на себеси дека кристалот е живо битие, и на тој начин му вдахнеме живот, е тогаш може да извлечеме најмногу од него.
Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело