Грешки кои ви го прават потешко станувањето од кревет во зима

Веројатно не постои човек на кој будењето во студените и тмурни зимски утра не му е екстремно тешко.

greshki-koi-vi-go-pravat-poteshko-stanuvanjeto-od-krevet-vo-zima-01.jpg

Сите сакаат да останат под ќебе и да можат да поспијат уште малку, барем додека не влезе малку светлина во просторијата.

Но, зошто е тоа така и зошто будењето во зимските денови е многу потешко од вообичаено?

Одговорот е едноставен – се будите на погрешен начин и правите грешки кои ве спречуваат брзо да се расоните и станете од кревет.

Кои се грешките што треба да престанете да ги правите за полесно да се будите од „зимски сон“?

Не оставате топла облека и папучи покрај креветот

Никој не сака наутро да се одвои од топлото ќебе, посебно ако знае дека нема ништо топло при рака.

Но, ако навечер си оставате пењоар, дуксер или било што топло до кревет, како и папучи, ќе можете веднаш да се стоплите по станувањето и да продолжите со утринската рутина.

greshki-koi-vi-go-pravat-poteshko-stanuvanjeto-od-krevet-vo-zima-02.jpg

Го оставате алармот или телефонот веднаш до вас

Кога алармот ѕвони до вас, многу е лесно да го исклучите или оддолжите и да продолжите да спиете.

Но, ако го оставите телефонот или часовникот на другиот крај на собата, ќе мора да станете за да го изгасите, а кога веќе сте станале, нема поента да се враќате во кревет...

Ги вклучувате придушените светла

Веднаш по станувањето, иако можеби не сакате веднаш да се изложите на силна светлина, избегнувајте да ги вклучувате придушените светла во просториите во кои прво се движите, бидејќи така се создава повторно приспивна атмосфера.

Доколку целосно ја осветлите просторијата, по неколку секунди брзо ќе се навикнете и полесно ќе се расоните.

greshki-koi-vi-go-pravat-poteshko-stanuvanjeto-od-krevet-vo-zima-03.jpg

Спиете со маска на очите

Маските за очи се добри во лето, кога рано се разденува и светлината може да ви го попречи сонот.

Но, во зима е спротивно, па нема потреба уште толку да се криете од светлината која и онака е помала и се појавува подоцна.

Се будите со негативни емоции

Ако секое утро се будите со тешки мисли дека не сакате да станете, дека е студено, дека ви е смачено да излегувате во мрак и слично, секако дека ќе ви биде многу потешко расонувањето и нема да имате причина да станете.

Обидете се да најдете нешто убаво и во утрото и создадете си ритуал кој ќе ви создава пријатно чувство во зима – на пример кафе покрај накитена елка, чај во топол џемпер и слично.

greshki-koi-vi-go-pravat-poteshko-stanuvanjeto-od-krevet-vo-zima-04.jpg

Ја потценувате арома терапијата

Мирисот на цитрусни овошја помага да се разбудите полесно наутро, па поставете си некоја мирислива свеќа или излупена кора од мандарина и портокал покрај кревет.

greshki-koi-vi-go-pravat-poteshko-stanuvanjeto-od-krevet-vo-zima-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било) Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...
10 одвратни работи кои (речиси) сите луѓе ги прават На огледало во тоалетот одблиску си ги гледаат акните, црнките, брчките, ги стис...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Прашувам за пријател: Само што се вратив од болница, а сопругот очекува да му готвам и да го служам ... „Првото утро кога се вратив дома, чекаше јас да станам да сварам кафе и да ги на...
Работи кои не треба да ги правите во кревет пред спиење (го нарушуваат сонот) Пиете вода, гледате филм, работите … Кои се грешките што (веројатно) ги правите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg